Pleskov, Darko (2014) Деформитети на 'рбетниот столб кај децата и нивна рехабилитација и третман во Општина Штип во период 2010-2012 година. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Text
TEMA.odt Download (6MB) |
Abstract
Исправената положба на човекот е услов за непрекинато одржување на рамнотежа помеѓу паравертебралната мускулатура и центрипеталната сила. За да се одржи исправената положба кај човекот во текот на еволуцијата, се развиле физиолошки кривини гледани во сагитална рамнина: лордоза во вратниот и лумбалниот дел на 'рбетниот столб и кифоза во торакалниот дел на 'рбетниот столб. Додека 'рбетниот столб гледан во фронтална рамнина треба да е рамна вертикална линија. Овие кривини во физиолошка граница се нормална појава, додека нивно зголемување или намалување се смета за патолошко.
Во оваа тема подетелно се обработува и се објаснува кинезитерапевтскиот третман кај деформитети на 'рбетниот столб како и превенција и лечење на дисфункцијата на локомоторниот систем кај млади лица во периодот на раст и развој. Промените на 'рбетниот столб кои водат кон деформитети најчесто се однесуваат на лошото држење на телото, кое не било на време откриено. За да се спречат влошувањата како и за подобрување на лечењето, голема улога има кинезитерапевтската програма на вежби кои се состојат од вежби за загревање, дишење, истегнување, зајакнување и оперативно лекување.
Клучни зборови
кифоза,сколиоза,лордоза,кинезитерапија,вежби,превенција
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 03 Nov 2014 13:38 |
Last Modified: | 03 Nov 2014 13:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11230 |
Actions (login required)
View Item |