Практикум по теорија на поезијата

Mladenoski, Ranko (2014) Практикум по теорија на поезијата. ISBN 978-608-244-092-7.

Full text not available from this repository.

Abstract

Практикумот со наслов „Практикум по теорија на поезијата“, наменет за студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип, се појавува како наставен прирачник, односно како прилог кон скриптата „Теорија на поезијата“. Материјата што е понудена во овој „Практикум по теорија на поезијата“ е систематизирана во четири дела: а) Прв дел: Теориско-поетски апликации; б) Втор дел: Основи на поезијата (проверка); в) Трет дел: Структури на поезијата (проверка); г) Четврти дел: Колоквиумски прашања.
Во првиот дел со наслов „Теориско-поетски апликации“ се приложени четири интерпретативни текстови во кои се илустрираат методите за анализа на конкретни поетски дела. Тоа се следните текстови: „Транстекстуалноста во поезијата на Блаже Конески“; „Интерференција на поетски структури – Конески vs Рацин“; „Поетските визии на Петре Бакевски“ и „Метафорично-метонимиски деконструкции“. Вториот дел „Основи на поезијата (проверка)“ како и третиот дел „Структури на поезијата (проверка)“ од овој прирачник се составени од конкретни прашања и задачи поврзани со историјатот на поезијата, местото на поезијата во литературата и со толкувањето на поезијата. Во четвртиот дел се приложени сто и дваесет колоквиумски прашања (60 + 30 + 30) со кои се опфатени сите методски единици од конкретната Предметна програма за курсот Поетика. Кон сето ова, во Практикумот е приложен и Речник на термини којшто, за разлика од веќе објавениот во скриптата „Теорија на поезијата“, е дополнет со бројни нови лексикографски единици од поетолошка, но и од една поширока книжевно-теориска провиниенција. Овој Речник, во секој случај, ќе им ги прошири и ќе им ги продлабочи на студентите знаењата од областа на теоријата на поезијата. Идентична цел има и придружната Библиографија дадена на крајот од овој прирачник.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 30 Oct 2014 14:55
Last Modified: 09 Apr 2015 13:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11213

Actions (login required)

View Item View Item