Saric, Nikola (2014) Компарација на рехабилитацијата на пациенти со цервикален синдром помеѓу Република Македонија и Република Хрватска. Other thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Preview |
Text
Никола Шариќ - Специјалистички труд.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Кај многу луѓе барем еднаш во животот се случува да почувствуваат болки во вратот што може да напредуваат до хронични болки. Причините може да бидат различни, како на пример: болести на мускулно-скелетниот систем, лошо држење на телото, воспалителни ревматски болести, дегенеративни промени на вратниот дел од `рбетот и синдроми на преоптоварување. Темелен патолошко - анатомски процес е дегенерација на `рскавицата.
Во зависност од местото каде што се појавуваат клиничките симптоми, разликуваме: цервикален, цервикоцефален и цервикобрахијалнен синдром. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, анамнезата и рендгенолошките прегледи на вратниот `рбет.
Цел на лекувањето е да се намали болката и да се врати функцијата на вратниот дел. Кинезитераписките методи може да се поделат на: динамички вежби, статички вежби , McKenzie методата и тракција.
Кон рехабилитациите кај болните со вратен болен синдром треба да се пристапи индивидуално и за секој пациент да се направи посебен план и програма за вежбање.
Клучни зборови: цервикален синдром, цервикоцефален синдром, цервикобрахијалнен синдром, кинезитерапија
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 29 Oct 2014 14:45 |
Last Modified: | 29 Oct 2014 14:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11205 |
Actions (login required)
View Item |