Надворешното обликување на куќата од Ново село и Штип во контекст на македонското профано градителство од 19-от век

Namicev, Petar and Namiceva, Ekaterina (2014) Надворешното обликување на куќата од Ново село и Штип во контекст на македонското профано градителство од 19-от век. Зборник на трудови од прв научен собир: Улогата на штипско Ново Село во македонската историја, 1 (1). pp. 165-181. ISSN ISBN 978-608-4662-24-2

[thumbnail of Zbornik na trudovi Shtip-2014.pdf]
Preview
Text
Zbornik na trudovi Shtip-2014.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Надворешниот изглед на куќата во Штип и во Ново село се одликува со изразена динамична композиција и складен распоред и сооднос на елементите кои ја оформуваат. Поливалентниот однос на надворешниот изглед на куќата произлегува од примената на симетријата, висината, просторниот концепт, локацијата, распоредот на прозорците, вратите, нивниот ритам и застапеност, примената на декоративните детали, стреите, еркерите, чардакот, балконот и сл. Притоа се водело сметка за односот и контрастот на светлите и темните површини, присутноста на светлото, колоритната застапеност, естетското ниво на обработка на деталите, и сл.
Неимарите при градбата на куќата применувале систем и методологија на градењето, каде биле соединети факторите на клима, терен и потреби на семејството но и на поединецот. Реализацијата на естетската композиција на градбите содржела креативни форми, со изразена различност и прилагодливост кон локалното, најчесто во згусната просторност на христијанските маала, каде се почитувал односот кон соседот и структурата на населбата и градот.
Куќата од Ново село и Штип со своите архитектонски вредности и автохтони карактеристики на градбата, претставува значаен дел од станбениот фонд на градовите од 19-от век во Македонија, како и дел од општото станбено наследство на Балканот.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Petar Namicev
Date Deposited: 27 Oct 2014 11:10
Last Modified: 27 Oct 2014 11:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11201

Actions (login required)

View Item View Item