Ivanova, Rosana (2014) Брендот како инструмент на конкурентноста на македонските производи на глобалниот пазар. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Rosana final 21092014.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Маркетингот претставува значаен елемент за успех на секоја организација. Анализата на потрошувачите, маркетингот и брендингот се клучни фактори што им помагаат на компаниите да изградат однос со своите потрошувачи. Гледано од аспект на потрошувачите, брендот може да помогне во зголемување на продажбата и создавање доверба кај потрошувачите. Не е доволно да имате најдобар и најквалитетен производ, најповолна цена или најдобра дистрибуциона мрежа - најважно е колку и што мисли и знае просечниот потрошувач за вашиот производ. Во глобалната борба за потрошувачите единствен начин да го освоите саканиот пазар е да создадете вредност поради која потрошувачите повторно ќе го купат вашиот производ. Голем број од компаниите станале доминантни на пазарот само поради тоа што создале препознатлив бренд.
Клучни зборови: бренд, маркетинг, потрошувачи, лојалност, доверба, производ, продажба.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 16 Oct 2014 10:06 |
Last Modified: | 16 Oct 2014 10:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11141 |
Actions (login required)
View Item |