Golubovski, Roman (2014) Автоматизација и процеси -практикум. [Teaching Resource]
Full text not available from this repository.Abstract
Автоматизацијата и процесната контрола и управување се едни од најзначајните подрачја на науката и технолошкиот развој. Ова се должи на фактот што автоматиката е поврзана со развојот на скоро секој технолошки правец. Во својата суштина автоматиката е мултидисциплинарен предмет, фундаментален за повеќе инженерски академски гранки, како електротехниката, електрониката, машинската, хемиската и аеронаутичката. Таа изискува широки математички предзнаења и имплементациони вештини со контролери во практиката.
Овој ракопис е придружно наставно помагало на скриптата за истоимениот предмет "Автоматизација и процеси" на Електротехничкиот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" -
Штип.
Практикумот се фокусира на вежби поврзани со базичното PLC Ladder програмирање, кое може да се реализира и на PLC симулатор, како и на вежби поврзани со кондиционирање на сигналите за оптимална аквизиција и физикална репрезентација.
Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите колеги, а особено на рецензентите на практикумот, за нивните конструктивни коментари, забелешки и сугестии во насока на подобрување на квалитетот и на содржината на материјалот.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Roman Golubovski |
Date Deposited: | 13 Oct 2014 09:12 |
Last Modified: | 14 Oct 2014 09:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11117 |