Реформите во даночниот систем на Република Македонија - императив за процесот на европската интеграција

Stojanova, Jasminka (2014) Реформите во даночниот систем на Република Македонија - императив за процесот на европската интеграција. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Magisterski trud.pdf]
Preview
Text
Magisterski trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Даночниот систем и даночната политика претставуваат едни од значајните
обележја на националната сувереност на една земја и составен дел на
вкупната економска политика што ја води земјата. Поголеми и позначајни
промени во даночните системи на развиените земји, земјите во развој и земјите
во транзиција, беа направени во осумдесетите и деведесетите години на
минатиот век, кои што промени се познати како даночни реформи.
Целта на овој труд е да се приберат, синтетизираат и анализираат
податоци за развојот на даночниот систем во РМ, неговата сегашна
поставеност и функционирање, за да се направи компаративна анализа во
однос на даночните системи на земјите членки на ЕУ, пред се земајќи ги во
предвид меѓународната даночна конкуренција, двојното оданочување и
избегнувањето на плаќање данок.
Државите членки на ЕУ имаат суверенитет во водењето на фискалната и
даночната политика. Тие самостојно, т.е на национално ниво ги уредуваат
своите даночни системи, врз основа на мерките и директивите за мегусебна
хармонизација на даноците. Македонија, која е кандидат за полноправно
членство во Европската Унија, прави големи и значајни напори во
усогласувањето на своето законодавство со правните прописи на ЕУ.
Даночниот систем на РМ претставува рационална комбинација на различни
видови даноци, кои се погодни за остварување на целите на даночната
политика. Различните видови даноци не се подеднакво застапени во
структурата на даночниот систем. Од аспект на правичноста во
оданочувањето, попогодни се директните даноци, а од аспект на економската
ефикасност се преферираат индиректните даноци. Сепак, двете групи даноци
меѓусебно не се исклучуваат, туку истите меѓусебно се поврзани и сочинуваат
една целина, односно актуелниот даночен систем во земјата.
Клучни термини: оданочување, директни даноци, индиректни даноци,даночна конкуренција, фискална политика.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 10 Oct 2014 08:05
Last Modified: 10 Oct 2014 08:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11104

Actions (login required)

View Item View Item