Mladenoski, Ranko (2005) Вредни српско-македонски компаративни студии. Стожер, IX (87-89). pp. 40-41. ISSN 1500-6000
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Za repozitorium novi cetiri 26 septemvri 2014_Za Miroljub Stojanovikj Stozer_Ranko Mladenoski za Miroljub Stojanovikj Stozer.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува осврт кон книгата „Писателот ја создава татковината, за самоосвестувањето на македонската книжевност“ од српскиот македонист Мирољуб Стојановиќ објавена на српски јазик во Ниш во 2004 година. Во трудот се забележува дека станува збор, всушност, за книга која содржи неколку вредни компаративни студии кои расветлуваат конкретни прашања во рамките на поставената паралела помеѓу македонската и српската книжевност. Така, во книгата се зборува за книжевно-уметничките релации меѓу Доситеј Обрадовиќ и Јордан Хаџи Константинов – Џинот, меѓу Вук Караџиќ и Крсте Петков Мисирков, меѓу српските романсиери и Стале Попов, меѓу Стеван Сремац и Васил Иљоски, меѓу Бранко Миљковиќ и Радован Павловски итн. Покрај тоа, во освртот кон оваа книга се посочува и загатнувањето на чувствителното прашање за првиот македонски роман при што по којзнае кој пат се изнесуваат аргументи кои одат во прилог на романот „Крпен живот“ од Стале Попов. Во заклучокот од овој труд се потенцира дека книгата „Писателот ја создава татковината, за самоосвестувањето на македонската книжевност“ од Мирољуб Стојановиќ претставува драгоцен прилог во афирмацијата на македонската книжевност надвор од границите на Република Македонија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 03 Oct 2014 10:23 |
Last Modified: | 03 Oct 2014 10:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11068 |
Actions (login required)
View Item |