Jakimovska, Svetlana (2014) Традуктолошка анализа на стручен текст врз пример: анализа на преводот на Уставот на Република Македонија од македонски на француски јазик. Зборник на трудови од Меѓународната конференција за применете лингвистика: Практиката во јазикот, јазикот во практиката. pp. 291-304. ISSN 978-608-4506-34-8
Preview |
Text
trud za fon1.pdf Download (680kB) | Preview |
Abstract
Правото претставува стручен домен кој секојдневно и неодминливо нè засегнува. Поради тој факт преведувањето на правни текстови наметнува огромна одговорност за преведувачот. Таа одговорност особено се зголемува кога станува збор за Уставот, текст кој го востановува правниот поредок во една држава. Текстот на Уставот на Република Македонија е преведен на француски јазик и изложен е на веб-страницата на Собранието на Република Македонија, која покрај на македонски, албански и англиски јазик функционира и на француски јазик.
Целта на овој труд е да го анализира преведениот текст, при што анализата ќе треба да покаже какви сè предизвици наметнува пред преведувачот преведувањето на стручни, правни текстови. Таа исто така треба да покаже каков и колкав е придонесот на терминолошките ресурси, при преведувањето ваков тип на текстови.
Клучни зборови: правен превод, Устав на РМ, македонски јазик, француски јазик, терминолошки ресурси
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Svetlana Jakimovska |
Date Deposited: | 29 Sep 2014 09:16 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 09:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11029 |
Actions (login required)
View Item |