Пет до дванаесет!

Mladenoski, Ranko (2005) Пет до дванаесет! Современост, 53 (3). pp. 77-83. ISSN 0038-5972

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium septemvri 2014 vrateni za sodzina finalni pet_Petre Bakevski Crno jagne div Balkan Sovremenost sredeno sodrzina_Ranko Mladenoski za Petre Bakevski roman.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium septemvri 2014 vrateni za sodzina finalni pet_Petre Bakevski Crno jagne div Balkan Sovremenost sredeno sodrzina_Ranko Mladenoski za Petre Bakevski roman.pdf

Download (7MB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува интерпретација (толкување/ анализа) на романот со наслов „Црно јагне, див Балкан“ од авторот Петре Бакевски објавен во 2004 година од издавачот „Тера магика“ во Скопје. Целта на трудот е да се изолираат и да се елаборираат темелните наративно-семантички слоеви во раскажувачкиот дискурс на овој роман. Во таа смисла, се изделуваат неколку наративни слоеви како што се историски наративен слој, митолошки наративен слој, национален наративен слој, слојот на ликовите референти, а на книжевно-теориска анализа се подложени и хронотопијата и симболите во романот. Во трудот одделно се анализираат и се толкуваат сите овие структурни елементи на романот. Така, на пример, во врска со националниот наративен слој се нагласува дека во романот „Црно јагне, див Балкан“ од Бакевски доминанта се наративните елементи што се однесуваат на националниот карактер на македонскиот народ и на македонската држава, како и тоа дека овој слој, всушност, е стожерот околу кој се движи дејството, темелот врз кој е изградена целокупната раскажувачка структура на овој роман. Во заклучокот од трудот се потенцира дека романот, во основа, се занимава со македонското национално прашање, односно со постојаните атаци на непријателите чија примарна цел е да го разнебитат македонското национално ткиво, како и тоа дека пораката на Бакевски што ни ја пренесува со овој роман е со сите сили да се бориме за зачувување на македонскиот национален идентитет.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 09 Sep 2014 10:12
Last Modified: 09 Sep 2014 10:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10918

Actions (login required)

View Item View Item