Mladenoski, Ranko (2005) Поема за македонските подеми и падови. Современост, 53 (5). pp. 157-158. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium septemvri 2014 vrateni za sodzina finalni pet_Karpa ziva Sardzovski Sovremenost sredeno so sodrzina_Ranko Mladenoski za Karpa ziva Sardzovski.pdf Download (8MB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува рецензија за поемата со наслов „Карпа жива“ од авторот Перица Сарџоски објавена во 2005 година од издавачот „Современост“ во Скопје. Уште на почетокот од трудот се нагласува дека поемата „Карпа жива“ е дебитантско книжевно дело на Сарџоски и дека станува збор за поема чијашто структура се потпира врз неколку композициски слоеви, како што се многувековната историја на македонскиот народ, митот, легендата, фолклорот и воопшто врз македонската древна традиција. Така, на пример, во поемата се среќаваат бројни митолошки ликови: Ма (древна македонска божица на плодноста, симбол за прамајка), Македон (митолошки предок на Македонците според кого тие и го добиле своето име), Дионис, Орфеј, Евридика и други. Покрај тоа, во рамките на историските композициски слоеви во поемата се среќаваме со Александар Македонски и Филип Втори Македонски, апостолот Павле, цар Самоил, Илинденското востание и слично. На крајот од трудот се заклучува дека младиот автор Перица Сарџоски успешно и умешно реализирал еден сложен книжевен продукт каква што е поемата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 09 Sep 2014 10:02 |
Last Modified: | 09 Sep 2014 10:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10916 |
Actions (login required)
View Item |