Универзитетскиот дувачки оркестар ќе го отвори Фестивалот „Интерфест 2012“Дувачкиот оркестар при Факултетот за музичка уметност ќе го отвори овогодишното издание на Фестивалот за класична музика „Интерфест 2012“ во Битола. Ќе се свират дела од Бетовен, Верди, Чајковски, Шестакович и многу други, кои на 2 октомври ќе го отворат Фестивалот. - Оркестарот е формиран од професори и студенти од ФМУ и професори и ученици од средното музичко училиште. Има повеќе од 50 луѓе, има 15 труби, има 7 саксафони, 10 флејти и уште многу инструменти - вели проф. Ванчо Самоников, диригент на оркестарот. Дувачкиот оркестар при УГД беше формиран неодамна. Првпат настапи на прославата по повод пет години од формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“. Фестивалот „Интерфест“ во Битола се одржува веќе 21 година. Од Штип и годинава ќе има организиран бесплатен превоз за заинтересираните. Фестивалот е одлична можност за промоција на младите уметници од оркестарот на УГД. Најсовремени амфитеатри, предавални, лаборатории, во кои има најсовремена опрема и технологија, како и сè што им е потребно на идните студенти за успешна реализација на студиите по информатика се само мал дел од она што го прави Факултетот за информатика совршен избор за идните професионални информатичари.
Декан
Продекан
Секретар
Технички секретар
|