Mladenoski, Ranko (2005) Стихови за македонските делби. ЛИК, „Нова Македонија“, г. 61 (20616). p. 9. ISSN 0350-4298
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za Juznobol od Altiev.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува рецензија (осврт) кон стихозбирката со наслов „Јужнобол“ од Никола Алтиев објавена во 2005 година од издавачот „Современост“ во Скопје. Рецензијата е објавена во ЛИК, прилог за литература и култура во весникот „Нова Македонија“ во октомври 2005 година. Во трудот се нагласува дека збирката „Јужнобол“ на Алтиев е структурирана од милениумските наслаги на македонската историја и традиција и дека во стиховите доминира болката по распарчената татковина, по Белото Море и по сите делови откинати од единственото македонско ткиво. Континуитетот во македонската историја во оваа стихозбирка Алтиев го идентификува со четворица Македонци кои голем дел себеси вплотиле во идентитетот на името Македонија, а тоа се Александар Македонски, цар Самоил, Гоце Делчев и Методија Андонов Ченто. Во заклучокот од овој осврт се потенцира дека збирката „Јужнобол“ на Алтиев претставува искажан револт против оние што не го признаваат и не го почитуваат националниот идентитет на Македонците со сите негови елементи – историја, традиција, јазик, литература, култура итн.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 29 Aug 2014 09:11 |
Last Modified: | 29 Aug 2014 09:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10778 |
Actions (login required)
View Item |