Арт фестивал „Дојрана“19.6.2014 - Од 20 до 28 јуни во Дојран по првпат ќе се одржи Меѓународен арт фестивал „Дојрана“, со учество на над двесте уметници од Русија, Бугарија, Косово, Србија и Македонија. Меѓу нив се и студенти од Факултетот за музичка уметност при УГД, од класата на проф. д-р Милица Шкариќ, проф. м-р Владимир Крстев, уметничкиот соработник д-р Невенка Трајкова, како и оркестарот при ФМУ под диригентската палка на м-р Ивана Јанков. М-р Невенка Трајкова е и уметнички директор на фестивалот, кој е инициран со образовно едукативна цел, но и со цел да придонесе за развојот на туризмот. Меѓународниот арт фестивал „Дојрана“ има натпреварувачки карактер, а учесниците ќе се натпреваруваат во категориите класика, естрада, фолклор и кореографија. Свеченото отворање е во недела, 22 јуни, на отворената сцена во хотел „Романтик“, а затворањето е на 27 јуни, со гала вечер на која ќе настапат најдобрите на првото издание на арт фестивалот „Дојрана“.
|