АВТОБИОГРАФСКИ ПОРТРЕТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПОЗИТОРИ

Минатиот четврток (30 август), во галеријата „Безистен“ во Штип се одржа концерт со наслов „Автобиографски портрети на македонските композитори“.

Композиторите чии дела се најдоа на програмата на овој концерт беа Томислав Зографски, Трајко Прокопиев, Стојан Стојков, Драган Шуплевски, Љубомир Бранѓолица и секако, младиот композитор Гоце Гавриловски, професор на Факултетот за музичка уметност при УГД. Едно од двете дела на м-р Гавриловски кои беа изведени на концертот беше Џез токатина (Jazz Tokatina) кое во оваа пригода имаше премиерна изведба.

Во преполната галерија „Безистен“, покрај м-р Невенка Трајкова и м-р Ване Аревски, можеше да се слушне и феноменалната изведба на гостите Кире Денов на контрабас, Филип Крстевски на бонгоси, Александра Трајкова на пијано и Ивана Гуњова на виолина.

Проектот беше поддржан од страна на Министерството за култура на Р.Македонија и Општина Штип.