Koleva, Blagica (2014) Ревизорска етика и одговорност во современата професионална практика на раководење со ревизијата. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Економски институт, Скопје.
Preview |
Text
b.k d-r.pdf Download (766kB) | Preview |
Abstract
Многу компании и индивидуалци влегуваат во неволја со поедноставеното гледање дека изборите се регулираат или со закон или со слободна волја. Тоа ги води луѓето до погрешна претпоставка дека ако нешто не е незаконско мора да е етично, како да нема трета област - етика. Подобра опција е да се препознае областа на етиката и да се прифатат моралните вредности како моќна сила за доброто, која може да го регулира однесувањето и внатре и надвор во организацијата. Колку принципите на етиката и социјалната одговорност се пошироко препознаени, толку компаниите ќе можат да ги користат етичките кодови и организациската култура за да го управуваат однесувањето, поради тоа елиминирајќи ја потребата за понатамошни закони и избегнувајќи ги проблемите од необузданиот избор. Бидејќи етичките стандарди не се кодирани, несогласувањата и дилемите за соодветно однесување се јавуваат често. Етиката секогаш се однесува на донесувањето на одлуки, а некои предмети тешко се решаваат. Етичките дилеми се јавуваат во ситуации кои го вклучуваат доброто и лошото, кога вредностите се во конфликт. Доброто и лошото не можат сосема да се идентификуваат. Етичките структури ги претставуваат различните системи, позиции и програми кои компанијата може да ги превеме за да имплементира етичко однесување. Етичкиот комитет е група на извршители наменети да ја надгледуваат етиката во компаниите. Комитетот овозможува управување со дискутабилните предмети. Етичкиот комитет ја презема одговорноста за дисциплинирање на оние кои грешат, што е есенцијално доколку организацијата е под директно влијание на однесувањето на вработените. Многу организации денес имаат оддел за етика со целовремена работа. Овие канцеларии работат повеќе како советодавни центри отколку како „полициски оддели“. Тие се зафатени со помагање на вработените да се справат со секојдневните проблеми или прашања. Канцелариите, исто така, спроведуваат тренинзи базирани врз организацискиот етички код или кодот за бизнис управување, па вработените можат да ги преведат вредностите во дневно однесување. Тренинг програмите се важен суплемент на напишаниот етички код. Тоа опфаќа систематско испитување на активностите на целото претпријатие или само на дел од него од аспект на тоа колку ефикасно и ефективно се користат ресурсите. Како што знаеме, менаџерите се задолжени да донесуваат одлуки во насока на зголемување на ефикасноста и ефективноста. Ефикасноста е прикажана со односот помеѓу влезот (инпут) и излезот (аутпут) во претпријатието, па секое зголемување на излезот во однос на влезот значи и зголемување на ефикасноста. Од друга страна, ефективноста го означува успехот на претпријатието во остварувањето на поставените цели. Ефективноста и ефикасноста, во секој сучај, треба да се следат со цел менаџментот да знае дали нивните одлуки се правилни или не. Затоа, примарната цел на ревизијата на работењето е да ги оцени перформансите во идентификување на подрачјата кои имаат потенцијал за одредено подобрување и во развивање на препораки за нивно реализирање.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Blagica Koleva |
Date Deposited: | 21 Aug 2014 12:55 |
Last Modified: | 21 Aug 2014 12:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10701 |
Actions (login required)
View Item |