Stojanovska, Zdenka and Boev, Blazo and Taleski, Vaso and Danilova, Marina and Debreslioska, Angela (2014) Фактори кои влијаат врз проценката на концентрацијата и дозата од радон во училиштата. [Project] (Submitted)
Text
Proekt radon(Реп).doc Download (207kB) |
Abstract
Најголем допринос во вкупната доза од природни извори на радиоактивно зрачење има радонот. Радонот може да се акумулира во затворен простор во високи концентрациии и со тоа да предизвика сериозни здравствени ефекти. После националното мерење на радон во живеалиштата во РМ, почна и втората фаза на мерење на радон во училиштата вклучувајќи го истражувањето кое ќе се спроведе како дел од овој проект. Во рамките на ова истражување ќе бидат опфатени основните училишта во три општини на РМ (Свети Николе, Пробишти и Кратово) со цел да се направи проценка на концентрациите на радон да се определи дозата која ја прима персоналот и учениците и исто така да се анализира влијанието на факторите кои влијаат како на мерењата така и на самите концентрации. Мерењата ќе се прават со комерцијално достапни широко прифатени нуклеарни трагови детектори. Ќе се анализираат две групи на резултати. Прва група добиена од детектори експонирани во период една година а друга група со период на експозиција од 3-4 месеци. Статистичката обработка и анализа треба да ја потврди значајноста на влијанието на типот на градежниот материјал од кој е направен објектот, позицијата на детекторот во просторијата како и времето на експозиција.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Physical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Zdenka Stojanovska |
Date Deposited: | 19 Aug 2014 12:39 |
Last Modified: | 27 Oct 2014 13:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10661 |
Actions (login required)
View Item |