Jovanov, Tamara and Davcev, Ljupco (2014) Проект за бесплатни обуки за теоретски и практични знаења и вештини на претприемачи од областа на финансиите, менаџментот и маркетингот. [Project]
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
proekt - opstina stip 2013.PDF - Accepted Version Download (232kB) | Preview |
Preview |
Text
Praktikum MISP 2014.pdf - Published Version Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text
PROEKT - OPSTINA STIP 1.pdf Download (344kB) | Preview |
Abstract
Потребата од обуки од областа на маркетингот, менаџментот и финансиите произлегува од две економски паралели:
1.Од една страна - причините за неуспех на малите претпријатија на пазарот, помеѓу кои неминовно се вбројуваат причини поврзани со стратегиското деловно работење, односно недостатокот од менаџерски и маркетинг вештини и знаења и потребата од елиминација или намалување на влијанието на тие причини, што се очекува да доведе до подобри бизнис перформанси и конкурентност на пазарот.
2.Од друга страна – значењето на малиот претприемачки бизнис за развојот на економијата на локално, регионално и национално ниво. (Ова се огледува преку доминацијата на малите претпријатија во структурата на стопанството, бројот на вработени лица во истите, учеството во креирање на БДП и додадената вредност на производството, придонесот кон иновациите, зголемување на конкурентноста на пазарот и значењето за големите бизниси).
Без оглед, дали се работи за основач на ново претпријатие или за постојно претпријатие кое сака да напредува во работењето, најголемиот ризик е производство и пласман на производ кој никој не го бара/сака, затоа што: „Пазари кои не постојат, не се грижат за тоа колку сме интелигентни“ (Marc Andreesen – Мозаик – првиот пошироко користен интернет пребарувач).
Претприемништвото (планирање, организирање, водење и преземање на ризик од инвестицијата) е основата и суштината во функционирањето на малите и средни компании. Овде главната улога ја има претприемачот, оној кој бара можности, креаторот и иницијаторот, лидерот, мотиваторот, решавачот на проблеми и поставувачот на цели и стратегии како тие да се достигнат.
Креативноста, посветеноста, лидерството, пасијата за основање на профитабилна компанија со задоволни вработени се особините кои ги делат успешните претприемачи од просечните управители и сопственици.
Преку обуката која се фокусира на неколку области врз кои се основа претприемаштвото, а тоа се финансиите, менаџмент и маркетинг од аспект на претприемачите, ќе се создаде основа за нови иновативни идеи кои ќе им помогнат на постојните претприемачи да го подобрат функционирањето на веќе постоечките компании, како и на оние кои до сега не се истакнале на ова поле, да се стекнат со практични вештини кои се основа за поттикнување на претприемачкиот дух.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 18 Aug 2014 13:51 |
Last Modified: | 16 Aug 2018 07:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10632 |
Available Versions of this Item
-
Проект за бесплатни обуки за теоретски и практични знаења и вештини на претприемачи од областа на финансиите, менаџментот и маркетингот. (deposited 06 Feb 2014 13:37)
- Проект за бесплатни обуки за теоретски и практични знаења и вештини на претприемачи од областа на финансиите, менаџментот и маркетингот. (deposited 18 Aug 2014 13:51) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |