Имуноензимски метод (ELISA) и полимераза верижна реакција (PCR) во дијагностиката на хуманата бруцелоза

Taleski, Vaso (2001) Имуноензимски метод (ELISA) и полимераза верижна реакција (PCR) во дијагностиката на хуманата бруцелоза. PhD thesis, УКИМ, Медицински факултет Скопје.

[thumbnail of Doktorat pecatena verzija.pdf]
Preview
Text
Doktorat pecatena verzija.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во периодот од 1980 до 2000 година во Република Македонија се регистрирани вкупно 8.229 случаи на хумана бруцелоза, од кои во последните шест години (1995-2000) околу 3.500. Во лабораториите низ Републиката најчесто користени серолошки тестови се BAB, Wright и Coombs но со нив не може да се утврди кои антитела (IgM и/или IgG) се присутни во серумот, а со тоа ни фазата на болеста како и одговорот на антибиотскиот третман.
Цел на испитувањето е унапредување и комплетирање на дијагности-ката на хуманата бруцелоза во Република Македонија со воведување на ELISA и PCR во рутинската дијагностика.
Испитувањата се спроведени во текот на 1997-2000 година.
Со серолошки реакции испитани се вкупно 1.100 серуми, и тоа: 1. од 100 болни во акутна фаза на болеста, 400 серуми по еден примерок при: а) приемот во болница, б) по завршетокот на лекувањето, в) по три и г) шест месеци од лекувањето, 2. од 100 лица лекувани од бруцелоза, со продолжи-телни симптоми, 200 серуми, по два примерока на растојание од шест месеци, 3. од 100 лица лекувани од бруцелоза, без симптоми, 200 серуми, по два на растојание од шест месеци, 4. од 300 здрави, доброволни крво-дарители, 300 серуми, по еден серум од секој. Истовремено, од истите лица е земан по еден примерок крв за PCR од: 100 болни со акутна бруцелоза, 100 лица лекувани од бруцелоза со PCRсимптоми, 100 лица лекувани од бруцелоза без симптоми, и од 30 здрави лица.
За одредување на IgM и IgG brucella антитела во серумот на пациентите со ELISA, користени се микроплочи и реагенси на NOVUM Diagnostica и ELISA Tecan-Clasic.
Амплификација е вршена со RAPIDTM PCR при што се користени прајмери и проби за детекција на Brucella melitensis гените IS711 и BCSP31. PCR е изведувана како “two step” PCR: 1. на 940C/2 min. (еден циклус), 2. на 600C/20 sec. и 940C/0 sec. (40 циклуси)
Добиена е сензитивност на ELISA методот од 98% што е статистички зна-чајно повисока во однос на Wright (82%) и Coombs (89%). Не е добиена разлика во специфичноста на ELISA, Wright и Coombs (100% кај сите тестови).
Позитивните (ПВ+) и негативните (ПВ-) прогностички вредности кај ELISA (ПВ+ 98% и ПВ- 98%) се статистички значително повисоки во однос на Wright (ПВ+ 82% и ПВ- 84,7%) и Coombs (ПВ+ 89% и ПВ- 90%).
Резултатите добиени со ELISA се високо репродуцибилни, методот е економичен и се изведува за кусо време. Заради наброените предности ELISA треба да биде референтен метод во серолошка дијагностика на хуманата бруцелоза.
Во PCR испитувањата, од тестираните прајмери, подобар пар за RAPID PCR, беа прајмерите за утврдување на генот BCSP31, кој го кодира 31kDa (OMP) надворешниот мембрански протеин на Brucella melitensis, со сензитивност од 56%, специфичност од 100%, позитивна прогностичка вредност од 100%, негативна прогностичка вредност од 40,5% и лимит на детекција од 100fg DNA. Сензитивноста кај примероците на периферна крв земани во почетокот на болеста, кога бактериемијата била сeуште присутна, е значително повисока.
Од 90 култивирани примероци на полиморфонуклеарни клетки добиени се 16 изолати на Brucella melitensis. Сите изолати беа потврдени и со PCR во време од 30 мин. Утврдувањето на brucella DNA со PCR од култури и хемокултури се изведува побрзо, поекономично е од стандардните методи на изолација и идентификација, и овозможува избегнување на ризикот за вработените од интралабораториски инфекции.
Рутинска примена на ELISA и PCR овозможува надминување на познатите проблеми во дијагностиката на хуманата бруцелоза и е значителна помош во лекувањето на болните и во текот на епидемиолошките студии.

Item Type: Thesis (PhD)
Uncontrolled Keywords: Бруцелоза, ELISA, RAPID PCR, IS711, BCSP31, BAB, Wright, Coombs.
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Vaso Taleski
Date Deposited: 25 Aug 2014 12:04
Last Modified: 25 Aug 2014 12:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10629

Actions (login required)

View Item View Item