Раст на пазарот преку градење и предвидување на побарувачката: низ призмата на МСП

Jovanov, Tamara and Stojanovski, Mitre (2012) Раст на пазарот преку градење и предвидување на побарувачката: низ призмата на МСП. Conference proceedings, First International Conference for Business, Economy and Finance- ICBEF 2012, 1. pp. 213-227. ISSN 978-608-4504-88-7

This is the latest version of this item.

[thumbnail of ICBEF 2011 Conference_Proceedings.pdf]
Preview
Text
ICBEF 2011 Conference_Proceedings.pdf

Download (11MB) | Preview

Abstract

Во овој труд се посветува внимание на значењето и начините на градење и предвидување на побарувачката на пазарот, затоа што еден од основните начини на раст на претпријатието на пазарот е преку раст на неговата продажба, односно побарувачката за неговите производи. Основната цел на истражувањето е да се направи увид во начините на градење на побарувачката и идентификуваат моделите на предвидување на побарувачката, кои се соодветни и можат да им помогнат во работењето на малите и средните претпријатија (МСП), имајќи во предвид дека во стратегијата на Европската Унија за 2020 година, МСП се еден од оснвните постулати на економскиот развој во иднина. Значењето на побарувачката произлегува од нејзината суштина –планирање, регулирање и правилна алокација на ресурсите во рамките на едно претпријатие. Во трудот се применети методот на индукција, дедукција, анализа и синтеза, како и методот на истражување, кој вклучува како секундарни, така и примарни податоци од кондиторската индустрија, на репрезентативен статистички примерок од 38% од вкупно регистрираните претпријатија во Република Македонија. Истражувањето посочува на различното значење на толкувањето на пазарот, ги издвојува деветте основни начини на градење на пазар преку побарувачката, ја потврдува поврзаноста на предвидувањето на побарувачката на пазарот со успешното делување на едно претпријатие и ги покажува квaлитативните и квантитативните модели на предвидување кои едноставно можат да се применат од страна на МСП, за да го подобрат своето деловно работење. Ограничувањето на трудот произлегува од опфатот на примарното истражување, односно како препорака за натамошни истражувања е проширување и вклучување и на други индустрии во кои работат претежно мали и средни претпријатија, за да се испита актуелната состојба на проблематиката на поголем статистички примерок.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 15 Aug 2014 07:53
Last Modified: 14 Aug 2018 10:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10617

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item