Jovanov, Tamara and Stojanovski, Mitre (2012) Предизвици и решенија на промовирање на производи за широка потрошувачка од аспект на малите и средни претпријатија во РМ. Зборник на трудови, „Улогата на медиумите во промоцијата на производите и услугите“. ISSN 978-608-4691-01-3
This is the latest version of this item.
Text
Final paper - 1.pdf Download (528kB) |
|
Preview |
Text
MEGJUNARODNA MARKETING KONFERENCIJA - ZBORNIK - 2012 EURM.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Малите и средните претпријатија (МСП) се клучни носители на економскиот развој во секоја национална економија. Оваа улога на МСП, која ја задржаа и во времето на рецесијата од 2008 год., ја нагласува потребата од унапредување на нивните деловни и маркетиншки стратегии, во кои значаен удел има и промотивната стратегија, која бездруго обезбедува информирање на крајниот потрошувач, односно негово запознавање со постојните и новите производи, нагласување на ценовната политика и достапноста на производите и креира ниво на свесност за самото претпријатие и неговата мисија на целниот пазар. Овој труд, преку намерен статистички примерок од 38% од вкупно регистрираните претпријатија во кондиторскта индустрија на РМ како претставници на индустријата на добра за широка потрошувачка, ги анализира предизвиците на промотивната стратегија и медиумите кои притоа ги користат за пренесување на своите пораки МСП во Република Македонија. Со примарно истражување преку структуриран анкетен прашалник се дава преглед на сфаќањата и размислувањата на сопствениците и менаџерите во однос на маркетингот и маркетинг стратегијата, увидени се главните недостатоци во тековното работење во однос на промотивната стратегија и се презентираат најдобрите практики кои треба да се следат во работењето, за постигнување на подобри деловни резултати.Од истражувањето е добиена информација дека МСП, без оглед на целната публика, користат комбинација најчесто од два промотивни елементи: економска пропаганда и продажна промоција, додека останатите се поретко користени, а најмногу се рекламираат преку традиционалните масовни медиуми, особено телевизијата и тоа, во полза на националната наспроти локалната телевизија. Врз основа на овие сознанија, направен е сет на предлози кои ќе ја направат промотивната стратегија на МСП поефективна и поефикасна, особено од аспект на целната публика и категоријата, однoсно типот на производите кои ги произведуваат и продаваат.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 15 Aug 2014 07:52 |
Last Modified: | 14 Aug 2018 10:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10612 |
Available Versions of this Item
-
Предизвици и решенија на промовирање на производи за широка потрошувачка од аспект на малите и средни претпријатија во РМ. (deposited 26 Nov 2012 10:50)
- Предизвици и решенија на промовирање на производи за широка потрошувачка од аспект на малите и средни претпријатија во РМ. (deposited 15 Aug 2014 07:52) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |