Markoska, Nadica (2013) Лексиката во фудбалот во италијанскиот јазик. Годишен зборник 2013 - Филолошки факултет, УГД - Штип, 4. pp. 139-147. ISSN 1857-7059
Text
Leksikata vo fudbalot vo italijanskiot jazik - Zbornik UGD 2014.docx Download (33kB) |
Abstract
Фудбалот е најпопуларниот и најпрактикуван спорт во Италија, дел од италијанската култура и италијанското секојдневие. Тој претставува еден општествен, економски и лингвистички феномен: има своја посебна лексика која ја употребуваат оние кои се занимаваат со овој спорт, милиони фанови ширум Италија, но исто така не е непозната и за оние кои не пројавуваат посебен интерес за фудбалот затоа што тие живеат во такво опкружување каде постојано се зборува на тема фудбал.
Во фудбалската терминологија се користат термини од разни науки, а исто така голем дел од фудбалските термини навлегле и во употреба на секојдневниот јазик.
Модерниот јазик е мешавина од странски изрази, дијалекти, кратенки, зборови од разговорниот јазик употребени во сосема поинакво значење, неологизми, видоизменети зборови и сл. Искуствата покажуваат дека да се познава и да се научи еден странски јазик, не значи само да се совладаат граматичките правила и лексичкото богатство регистрирано во речниците, туку значи да се научи да се користат на соодветен начин различните регистри на тој јазик, да се развијат комуникативните способности во социолингвистичка и прагмалингвистичка смисла.
Предмет на проучување на овој труд се лексичките единици во италијанската фудбалска терминологија со посебен осврт на заемките од англискиот јазик.
Клучни зборови: фудбал, лексика, заемки, изведени зборови, кратенки, апелативи.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Nadica Negrievska |
Date Deposited: | 13 Aug 2014 13:18 |
Last Modified: | 13 Aug 2014 13:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10591 |
Actions (login required)
View Item |