Mladenoski, Ranko (2007) Немерлива љубов кон Македонија. Библиотечен спектар (39). pp. 45-47. ISSN 1409-8350
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za Vozbuda po zborot.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Овој труд е осврт (рецензија) за книгата со наслов „Возбуда по зборот“ од Васил Тоциновски објавена во 2000 година, а како издавач се јавува Институтот за македонска литература во Скопје. Во трудот се укажува на фактот дека оваа книга на Тоциновски е исполнета со текстови што се однесуваат на дејноста на Македонскиот литературен кружок од 1938 до 1941 година во Софија. Всушност, авторот на книгата зборува за членовите на оваа македонска книжевна асоцијација при што се нудат биографските податоци за нив, но и нивното книжевно дело. Ваквиот преглед на ова поглавје од македонската култура е извршен во 16 текстови што се наоѓаат меѓу кориците на „Возбуда по зборот“. Во нив Тоциновски зборува за Никола Јонков Вапцаров, Михаил Сматракалев (односно Ангел Жаров), Антон Попов, Антон Великов, Иван Керезиев и други. Во заклучокот на овој труд се наведува дека книгата „Возбуда по зборот“ од Тоциновски претставува еден вид монографија за Македонскиот литературен кружок во Софија и дека во неа сублимирано се презентираат активностите на неговите членови чија литература, како што вели Вапцаров, не е ништо друго туку немерлива љубов кон Македонија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 04 Jul 2014 11:22 |
Last Modified: | 04 Jul 2014 11:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10434 |
Actions (login required)
View Item |