Karakolevska Ilova, Marija (2013) Разлики на плевралните изливи кај болни со примарен белодробен карцином и примарен малиген тумор на плеврата. Masters thesis, Универзитет „Св.Кирил И Методиј”, Медицински Факултет - Скопје.
Preview |
Text
__fileserver_userfiles$_marija.karakolevska_Desktop_magisterski trud.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Плевралните метастази од бронхогено потекло се појавуваат релативно рано во текот на болеста за разлика од другите примарни висцерални тумори со што дополнително го зголемуваат морбидитетот и е доволна причина да се утврди инциденцата на плевралните изливи асоцирани со примарен белодробен карцином како и нивната презентација кај различната локализација на примарниот тумор и неговиот хистопатолошки тип.
Малигните плеврални ефузии може да се користат како модел за проучување на хиерархиската прогресија на карциномот и/или интратуморската хетерогеност. Интратуморската хетерогеност можеби е во врска со резистентноста на белодробните карциноми кон терапијата. Испитувајќи култури на клетки од плевралната ефузија може да се испита и хетерогеноста на напреднатиот примарен карцином со што ќе се овозможи испитување на адекватна терапија. Со ова уште еднаш се потврдува важноста на појавата на малигни плеврални ефузии и нивната големина кај различните хистопатолошки типови на белодробни карциноми како можност за вакви испитувања.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | белодробен карцином, малигна плеврална ефузија |
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Marija Karakolevska |
Date Deposited: | 07 Jul 2014 12:13 |
Last Modified: | 07 Jul 2014 12:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10432 |
Actions (login required)
View Item |