Превенција на малолетничка деликвенција, анализа на законската регулатива и пракса

Golomeova, Emica (2013) Превенција на малолетничка деликвенција, анализа на законската регулатива и пракса. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of MAGISTERSKA PDF.pdf]
Preview
Text
MAGISTERSKA PDF.pdf

Download (900kB) | Preview

Abstract

Предмет на овој труд е синтеза на досегашната идеја на научната и стручна јавност за тоа во кој правец треба да се движи прогресот на социјалната заштита на транзициските општества што се однесува на децата и малолетниците со деликвентно однесување. Анализата на оваа проблематика укажува на повеќе видови и правци на организираност против овој вид на криминалитет, од кои како најклучни ги издвојувам: правата и најдобриот интерес на детето и малолетникот, плуралитет (алтернативност) во услугите и одлуките, партнерство помеѓу социјалните служби и другите институции во локалната заедница, родителска поддршка, рано откривање на децата во ризик, зголемување на квалитетот во работењето со малолетници т.е заштита од рецидивизам итн. Во склоп на овие идентификувани правци и принципи, посебно внимание се посветува на прашањето за превенција во социјалната заштита, институционалните и вонинституционалните мерки и методи за заштита на малолетниците деликвенти, концепција и стандард на услугите на социјалните служби, начин на евалуирање и подигање на квалитетот на стручната работа, алтернативни облици на социјалната заштита на оваа група на деца и друго.
Клучни зборови: малолетник, фактори, деликти, повтор, мерки на заштита.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 03 Jul 2014 14:02
Last Modified: 03 Jul 2014 14:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10409

Actions (login required)

View Item View Item