Efremova, Sonja (2013) Карактеристики на полномасен и осиромашен гриз од соја. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Magisterska LEKTORIRANA.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Анализирани се проби на сирово зрно од соја од 5 сорти соја, наменети претежно за производство на компоненти за сточна храна. Од сите 5 сорти определени се карактеристиките (хемискиот состав) на сировото зрно од соја, на полномасен гриз и на осиромашен гриз. Анализите се извршени на два начина во две различни и независни лаборатории: I со класична хемиска анализа; II со помош на NIR - анализатор. Резултатите од класичната хемиска анализа на зрно, се движат во рамките на пропишаните сортни одлики на сортите соја. Процентот на протеини се движи од 34,40 кај сортата „Горштак“ па се до 36,92 кај „Илинденка“. Полномасниот гриз произведен од прогресивната линија соја „ММК“ се одликува со највисок процент на протеини 40,80 %, а за сметка на тоа со најнизок процент на масти 15,70 %. Гризот од сортата „Горштак“ е најбогат со масти 18,60 %, а најсиромашен (37,90 %), со протеини. Oсиромашениот гриз од сортата „Горштак“ содржи најмалку протеини – 40,42%, додека гризот од „Илинденката“ е најбогат (43,33%) со протеини, додека процентот на масти е 13,90%.
Полномасниoт гриз од соја се користи во исхраната на штотуку одбиените прасиња (како полномасниот гриз на „Горштак“), но не повеќе од 10%, соиниот концентрат или изолат за повозрасните прасиња само до 20% во смеската, како и осиромашен соин гриз (и соина сачма), за возрасните со процент на сирови протеини до 44% со застапеност до 20% (како осиромашениот гриз на „ММК“ и „Илинденка“). Поради релативно високата содржина на масло во полномасниот гриз од соја (од сортата „Горштак“), содржината на енергија во смеските ќе се подобри ако се употребува овој гриз.
Клучни зборови : соја, сорти, екструдирање, соин гриз, антинутритивни супстанции, исхрана.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 03 Jul 2014 13:58 |
Last Modified: | 03 Jul 2014 13:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10399 |
Actions (login required)
View Item |