Оштетениот како тужител во кривичната постапка

Milevska, Suzana (2014) Оштетениот како тужител во кривичната постапка. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of magisterska_suzana_milevska-2.pdf]
Preview
Text
magisterska_suzana_milevska-2.pdf

Download (483kB) | Preview

Abstract

Активното учество на оштетениот во кривичната постапка е од значење
за остварување на нејзината цел – правилно и целосно утврдување на
фактичката положба, ефикасност на постапката, обезбедување на правата на
оштетениот, пред се негова морална и материјална сатисфакција.
Јавниот интерес за гонење на сторителот на кривично дело може да
биде оштетен заради (случајно или намерно ) неправедно изостанување на
активност на јавниот обвинител. Неправилното или незаконито постапување на
јавниот обвинител носи последици за оштетениот бидејќи го оневозможува во
остварувањето на неговото имотно-правно побарување во кривичната
постапка, лоша основа за остварување на неговото побарување во граѓанска
постапка, и го лишува од моралното право на законито и правично гонење на
сторителот на кривично дело со кое е оштетен, а самиот не може да води
постапка.
Давањето на определени овластувања на оштетениот, под определени
услови и под судска контрола, да покренува или продолжува кривично гонење
од кое јавниот обвинител се откажал, претставува коректив на неправилно или
незаконито постапување на јавниот обвинител.
Една од карактеристиките на развојот на кривичното процесно право во
Република Македонија беше постојаното унапредување и подобрување на
положбата на оштетениот во кривичната постапка. Со секоја новина и измена
на процесните одредби се подобруваше положбата на оштетениот, му се
признаваа нови или се прошируваа постојните права и овластувања.
Новиот концепт на Законот за кривична постапка целосно го напушти
институтoт супсидијарна тужба, која за оштетниот од секогаш претставуваше
јасно определено право на активно учество во кривичната постапка, што
1
суштински ги загрозува правата на оштетениот како субјект на кривичната
постапка.
Во овој труд ќе докажам дека, можеби со преминувањето на истражната
функција од судот во јавното обвинителство супсидијарното тужење станува
беспредметно и дека, со оглед на ефектите од досегашната употреба на овој
институт и не ретката злоупотреба на истиот, ова решение можеби е и
оправдано, но дека целосното одземање на судската заштита на правото на
oштетениот да се јави како коректив на одлуката на јавниот обвинител во
откажување од кривично гонење, ја маргинализира улогата на оштетениот во
кривичната постапка па затоа треба да се бара посоодветно решение, во
смисла да се зачува овој институт со определени корекции, или пак
механизмот на заштита на правото на оштетениот на активно учество во
постапката да се засили со судска контрола.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: оштетен, жртва на кривично дело, превземање на кривично гонење, изјава за откажување.
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 12:55
Last Modified: 02 Jul 2014 12:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10378

Actions (login required)

View Item View Item