Сличности и разлики на православното христијанство со римокатоличкото

Jovanova-Dimitrova, Daniela (2013) Сличности и разлики на православното христијанство со римокатоличкото. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Lektorirano Slicnosti i razliki na Pravoslavnoto hristijanstvo so Rimokatolickoto .doc] Text
Lektorirano Slicnosti i razliki na Pravoslavnoto hristijanstvo so Rimokatolickoto .doc

Download (595kB)

Abstract

Во светот постојат многу различни религии кои се разликуваат по своите темелни учења за сфаќањето на Бог или боговите, по обредите и прописите, но, сепак, сите тие имаат неколку темелни заеднички црти кои ни овозможуваат да ја откриеме нивната заедничка основа и суштина.
Званично, христијанството е религија која настанува во I век од новата ера. Поточно, годината на раѓањето на Исус Христос претставува година на новото сметање на времето. Но, слободно може да се каже дека темелите на христијанството се поставени 2000 години пред новата ера, со појавата на Аврам, Исак и Јаков. Основните учење на првославната црква се изнесени во Симболот на верата кој е усвоен на Вселенските собори во првите векови на христијанството и биле задолжителни за целата црква. Подоцна дошло до промена на делови од Симболот на верата од страна на западниот дел на црквата и нејзино напуштање на евхаристијската заедница со источниот дел на црквата во 1054 година.
Светите тајни се средства на нашето осветување или: од Бога востановени свештенодејствија преку кои на верните на видлив начин им се дава Божјата благодат. Светите тајни се наоѓаат во црквата и се неопходни за спасение, затоа што преку нив се дава благодат како спасувачка сила, која дејствува на човекот и изгонува сè што е грешно и нечисто.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: религија, црква, свети тајни, голема чизма, Папско првенство, Филиокве, Библија
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 13:03
Last Modified: 02 Jul 2014 13:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10374

Actions (login required)

View Item View Item