Формативното оценување во наставата по странски јазик

Naumova, Snezana (2013) Формативното оценување во наставата по странски јазик. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Snezana Naumova.pdf]
Preview
Text
Snezana Naumova.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Оценувањето треба да се однесува на сите аспекти на развој на личноста на ученикот. Во таков случај, оценувањето може да има формативна функција. Тоа значи зачестено и интерактивно вреднување на постигањата на учениците, разбирање на потребите за учење, како и прилагодување на методите на поучување, согласно потребите и способностите на ученикот. Најреално е оценувањето кога во мислењето за донесување на оцена учествуваат и ученикот и наставникот, јавно и транспарентно (вршат самооценување и самопроценување на сопствената работа). Оттука се јавува потреба од реално оценување и согледување на нивото на постигањата од страна на самиот ученик.
Процесот на оценување не треба да се сведува на вреднување на квантитетот на знаење или незнаење, туку напротив, треба да ги земе во предвид претходните следења , мерења , интерсот на ученикот, неговиот однос кон задачите и слично. На тој начин се изградува моралниот лик на ученикот.Токму поради овој факт, учениците би требало навремено и правилно да се воведуваат и оспособуваат за сопствено проценување и вреднување, како и за меѓусебно оценување. Со вклучувањето на учениците во процесот на оценување и самооценување се развива ученичката демократија во училиштето, се подобрува општата клима на релација наставник-ученик, а најважно од сѐ е развивање на позитивните вредности на личноста на ученикот и наставникот.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: формативно оценување, настава по странски јазик, самоoценување.
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 13:05
Last Modified: 07 Aug 2015 07:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10372

Actions (login required)

View Item View Item