Испитување на тешки и токсични метали во езерото Козјак и мерки за заштита

Trpeski, Vlatko (2013) Испитување на тешки и токсични метали во езерото Козјак и мерки за заштита. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Magisterska tema_ Vlatko TRPESKI.pdf]
Preview
Text
Magisterska tema_ Vlatko TRPESKI.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Целта на нашето истражување беше да ја испитаме состојбата на квалитетот на водата во езерото Козјак и реката Треска, како и да препорачаме мерки за негова заштита од загадување.
Квалитетот на водите го испитувавме од аспект на содржината на шест мошне значајни хемиски елементи, познати како тешки и токсични метали, и тоа: олово (Fe), кадмиум (Cd), хром (Cr), ќелезо (Fe), бакар (Cu) и арсен (As). Применивме современ метод за лабораториско испитување на хемиските елементи: Атомска апсорпциона спектроскопија, атомската емисиона спектрометриска метода со двојна плазма (AES-ICP) и методата на електротермална спектрометриска атомска апсорпција (ETAAS).
Акумулацијата „Козјак“ е најголемото вештачко езеро по површина, длабочина и по должина во Република Македонија, а пред сè, по вкупното количество вода во него. Езерото Козјак се наоѓа на реката Треска во нејзината Голема Клисура, 15 km спротивното од браната Матка. Должината на езерото изнесува 33 km.
Поради големата должината на езерото Козјак, земавме проби од вода од 4 локации за вода и 2 локации за седимент од езерото, како и 4 локации за вода и седимент од реката Треска. Пробите од езерото ги земавме во две сезони -есен 2012 и пролет 2013, на две длабочини на водата, на 20 см, и од дното на езерото. Пробите од реката Треска ги земавме во една сезона - пролет 2013. Тешките метали: олово (Fe), кадмиум (Cd), хром (Cr), железо (Fe), бакар (Cu) и арсен (As) во сите мерни места не ги надминуваат Максимално Дозволените Концентрации (МДК), а некои се далеку под МДК за води од прва и втора класа. Дозволените граници за прва и втора класа на вода согласно Уредбата за класификација на водите од 23 март 1999 година се: олово (Fe) 10 μg/l, кадмиум (Cd) 0,1 μg/l, хром (Cr) 50 μg/l, железо (Fe) 300 μg/l, бакар (Cu) 10 μg/l и арсен (As) 30 μg/l.
4
Исклучок од тешките и токсични метали е кадмиумот, кој го детектиравме во повисоки вредности за МДК од прва и втора класа, на четири мерни места на езерото Козјак и реката Треска, и се движи од 0,186 μg/l. кај браната Козјак на длабочина од 20 см и с. Близанско во 0,186 μg/l на 20 см длабочина, како и кај реката Треска после М.Брод и се содржи во 0,173 μg/l и во реката Треска кај с.Белица, а се движи во граници од 0,472 μg/l.
Во магистерскиот труд се посочуваат мерки за заштита на езерото Козјак и реката Треска од можни контаминации. Особено значајна улога на езерото Козјак е изградената брана за производство на електрична енергија ХЕЦ „Козјак“, која е најголемата вештачка брана во Република Македонија. Но, покрај тоа, езерото Козјак веќе се користи како заштита на Скопје од поплави, технолошка вода, за нaводенување на земјоделски култури, риболов, езерски туризам и како алтернатива за водоснабдување на градот Скопје. Токму затоа, потребно е да има продлабочени анализи на вода и седимент од езерото Козјак и реката Треска.
Клучни зборови: Езеро Козјак, река Треска, тешки метали, загадувањеABSTRACT
The aim of our study was to examine the state of water in quality Kojak Lake and River Treska and recommend measures for its protection from pollution .
The quality of the waters examined in terms of content 6 very important chemical elements known as heavy and toxic metals such as: lead (Fe), Cadmium (Cd), Chromium (Cr), iron (Fe), Copper (Cu) and arsenic (As). Apply modern methods of laboratory testing and chemical elements and atomic absorption spectroscopy, atomic emission spectrometric method coupled plasma (AES-ICP) method and electrothermal atomic absorption spectrometry (ETAAS).
Accumulation "Kozjak" is largest artificial lake, depth and length in the country , especially after the total amount of water in it . Kozjak Lake is located on the River Treska in its Big Canyon 15 km upstream from Canyon Dam. The lake has a length of 33 km.
Lake Kozjak samples from water taken from 4 locations for water and 2 locations for sediment from the lake, and 4 locations for water and sediment from river Treska. Samples was taken from lake in two seasons autumn 2012 and spring 2013 in two water depths of 20 cm and bottom of lake. River samples from Treska takes a seasonal spring 2013. Heavy metals : lead (Fe), Cadmium (Cd), Chromium (Cr), iron (Fe), Copper (Cu) and arsenic (As) in all measuring points do not exceed the Maximum allowed concentration and some are well below the limits for first and second class. Allowed limits for first and second class of water under the Regulation on Water Classification of 23 March 1999 are: Lead (Fe) 10 μg / l, Cadmium (Cd) 0,1 μg / l, Chromium (Cr) 50 μg / l, Iron (Fe) 300 μg / l, Copper (Cu) 10 μg / l and Arsenic (As) 30 μg / l.
Exception of heavy and toxic mnetali is detect Cadmium (Cd) in higher value the maximum allowable concentration of first and second class leads to four measuring points on the river and lake Kozjak Fever and ranges from 0,186 μg / l. Kozjak the dam at a depth of 20 cm , and v.Blizansko and ranges from 0,186 μg / l and Treska after the river and contains a M.Brod to 0,173 μg / l in the river near the village of Belica move in the range of 0,472 μg / l.
6
The thesis points out measures for protection of river and lake Kozjak and river Treska from possible contamination. Especially significant role Kozjak lake dam is built for production of electricity HPP "Kozjak" What is the biggest artificial dam in the country. But in addition, Lake Kozjak already used as: Protection for Skopje flood , Techical water, irigation for crops, fishing for lake turisam as an alternative water supply for the City of Skopje. It is therefore necessary to have a thorough analysis of water from Lake sedinent Kozjak River Treska .

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: Kozjak Lake, River Treska, heavy metal pollution.
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 10:56
Last Modified: 02 Jul 2014 10:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10366

Actions (login required)

View Item View Item