Правата од здравственото осигурување и надоместокот на трошоците за лекови

Pasaliska, Liljana (2013) Правата од здравственото осигурување и надоместокот на трошоците за лекови. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Magisterski trud.pdf]
Preview
Text
Magisterski trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Краток извадок Фондот за здравствено осигурување како институција која врши дејност од јавен интерес во согласност со Законот за здравствено осигурување го спроведува задолжителното здравствено осигурување и на осигурениците им ги обезбедува двете основни права што ги определува Законот, а тоа се правото на здравствени услуги и право на парични надоместоци, врз основа на начелата на сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефективно користење. Во овој труд се истражува дали и колку влијае проширувањето на Позитивната листа на лекови врз намалувањето на поднесени барања на осигурениците за надомест – рефундација на средства за лекови од Позитивна листа, набавени со сопствени срества, како и задоволството на граѓаните со проширување на листата на лекови со лекови без доплата или минимална доплата. Во овој труд, исто така, се разработени и здравстврените услуги кои осигурениците ги користат во три нивоа и тоа: во примарна здравствена заштита, специјалистичко – консултативна и болничка (краткотрајна и долготрајна) здравствена заштита. Посветено е внимание и разработени се и правата на парични надоместоци кои се остваруваат во управна постапка по поднесено барање. Разработена е и управната постапка во прв степен од поднесување на барање со потребна документација за секое право, до процедурата и начинот на донесување на решение и по извршноста на решението до начинот на исплата на надоместокот. Во Заклучокот од овој труд се дадени предлози за она што во иднина, или како постојана задача, да биде на Фондот и здруженијата на граѓани со одредени заболувања во смисла како и на кој начин да се намали цената на скапи лекови за одредни заболувања, за да бидат подостапни за пациентите кои боледуваат од одредени болести, а лековите за нив се со висока цена
5
Клучни зборови Основни здравствени услуги, Примарна здравствена заштита, Специјалистичко – консултативна здравствена заштита, Болничка здравствена заштита, Позитивна листа на лекови, Матичен лекар, Аптеки.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 02 Jul 2014 09:25
Last Modified: 02 Jul 2014 09:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10356

Actions (login required)

View Item View Item