Petrova, Marina (2014) Управување со мотивација на персоналот со посебен осврт на Клиничка болница – Штип. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_14042014.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Мотивацијата како процес кој што се одвива кај човекот отсекогаш била инспирација за многу истражувачи и научници, пред сè поради нејзиното влијание врз многу аспекти од животот. Разбирањето на мотивацијата и мотиваторите кај човекот даваат објаснување зошто постапуваме на одреден начин, го дополнува разбирањето на човечкиот вредносен систем и етичките норми кои ги има, како од националните и културните комбинации, така и од социјално - економските услови во кои живее. Односно, едно пошироко холистичко објаснување за опкружувањето кое што влијае врз човечката динамика и тоа што стои помеѓу човекот и околината како и се она што ги иницира човечките реакции, начинот и нивното изразување во одреден период и во одредена ситуација.
Овој труд е обид да се опфатат основните трендови, карактеристики и зависности меѓу појавите откриени во процесот на мотивација за активностите на луѓето и во делот за работното место, со посебен акцент врз мотивацијата на болничкиот персонал во Клиничката болница – Штип. Овде треба да се напомене дека од особена важност за успехот на една организација е квалитетот на човечките ресурси кои што таа успева да ги привлече, развива и задржи.
Поради ориентацијата на Македонија кон членството во ЕУ се наметнува потребата од користење методи, средства и техники за обезбедување квалификуван, продуктивен и мотивиран кадар, способен да ги реализира целите на организацијата, но се повеќе се наметнува и потребата од зголемување на ефикасноста во управувањето со човечките ресурси со кои што располага една организација. Во овој труд се посветува внимание и на методите во управувањето кои што се користат од страна на менаџментот и раководните структури. Бројни примери покажуваат дека едноставното копирање на методите не вродува со посакуваниот плод и не ги дава истите ефекти како кај оригиналниот извор, а со тоа да заклучиме дека ефикасноста на еден или друг мотивационен систем во практичната активност во голема мера зависи од
3
управувачките органи и дека мотивацијата претставува основен фактор за ориентацијата на персоналот кон поефективна работа.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | менаџмент, вработени, човечки ресурси, методи, ефикасност |
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Jul 2014 14:10 |
Last Modified: | 01 Jul 2014 14:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10345 |
Actions (login required)
View Item |