Todorovska, Viktorija (2014) Примената на електронскиот маркетинг во промоција на компаниите: со посебен осврт на компанијата „Техномаркет“. Masters thesis, Goce Delcev University.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Viktorija todorovska magisterski trud.pdf Download (867kB) | Preview |
Abstract
Последниве години се сведоштво за запрепастувачкиот развој на интернетот и големото влијание што го има врз начинот на живот. Исто така и рекламирањето преку интернет е значително зголемено откако рекламирачите го зголемија буџетот за онлајн-рекламирање. Се менуваат начините на маркетинг активностите, бидејќи многу бизниси се свртеа кон е-трговијата. Интернетот ѝ дава можности на компанијата да го прошири бизнисот на ефикасен и практичен начин. Преку интернет може да се спроведуваат маркетинг истражувања, да се стигне до нови пазари, да им служи на клиентите, да има побрза дистрибуција на производите, да се решаваат проблемите на клиентите и поефикасно да се комуницира со бизнис партнерите. Бенефитите од интернет маркетингот вклучуваат подобар проток на информации, нови производи и услуги за клиентите, подобрување на достапноста, како и подобрување на транспарентноста на пазарот. За да може да се дизајнира и имплементира успешна е-маркетинг програма е потребно внимателно да се анализираат и сфатат голем број теории, апликации и технологии. Во овој труд ќе се земе предвид влијанието што го има е-маркетингот врз успехот на бизнисот. Главнацел еда се разбере големото влијание што го има е-маркетингот во различни области при развој на производи и услуги, промоции итн.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | е-маркетинг, интернет маркетинг, маркетинг. |
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Jul 2014 12:58 |
Last Modified: | 01 Jul 2014 12:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10332 |
Actions (login required)
View Item |