Можности за финансирање и искористување на новите начини на задолжување на единиците на локалната самоуправа, со посебен осврт на Општина Штип

Tuneva, Biljana (2014) Можности за финансирање и искористување на новите начини на задолжување на единиците на локалната самоуправа, со посебен осврт на Општина Штип. Masters thesis, Goce Delcev Univerity, Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Магистерски труд - Билјана Тунева -.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Магистерски труд - Билјана Тунева -.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Успешното спроведување на фискалната децентрализација овозможува да се зајакне локалната приходна самостојност која е од суштинска важност за извршување на функциите на општините.
Oпштините треба да ја разберат својата финансиска состојба и да изнајдат соодветни решенија за финансирање и реализација на проекти поврзани со капиталните инвестиции. Од друга страна, пак, сето ова ќе придонесе општините да ја подобрат локалната инфраструктура и да понудат поквалитетна испорака на услуги од кои ќе имаат корист и граѓаните и компаниите.
Со зголемување на сопствените приходи и зајакнување на административниот капацитет за менаџирање на средства се создава основа за утврдување и оценување на нивниот кредитен рејтинг, а, дополнително, растат и можностите за задолжување на локалните власти. Локалните само-управи треба да ги проценат кредитната способност и општите кредитни услови, како и да ги идентификуваат скриените ризици поврзани со нивната способност за задолжување и почитување на обврските за исплата на долговите.
Со неодамнешните измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, се либерализираа условите за задолжување на општините. Како дополнителен инструмент за обезбедување на средства за реализација на капитални инвестиции на општините е воведено издавање на општински обврзници.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: капитални инвестиции, ликвидност, задолжување, заеми, општински обврзници, кредитен рејтинг, ризици.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:43
Last Modified: 01 Jul 2014 12:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10331

Actions (login required)

View Item View Item