Улогата и значењето на стратегиското планирање и портфолио концептот за деловните активности на претпријатието

Lazarova, Melinda (2013) Улогата и значењето на стратегиското планирање и портфолио концептот за деловните активности на претпријатието. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Melinda Lazarova- mag isterski trud FINALEN.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Melinda Lazarova- mag isterski trud FINALEN.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Ефективното и ефикасното управување во претпријатијата
претпоставува донесување на управувачки одлуки кои се
однесуваат на избор на подрачје на деловна активност и избор на
стопанска гранка во која ќе се остварува целокупната деловна
активност на претпријатието.
Во управувањето на претпријатието мора да се води сметка
за фактот дека тоа е отворен систем и како таков двосмерно е
поврзан со надворешното опкружување: набавува посебни inputi и
врши испорака на outputi. При тоа, во претпријатието неминовно се
реализираат активности кои имаат стратегиски карактер.
Стратегиското планирање е процес кој вклучува согледување
на пазарните услови со цел да се обезбедат информации од
екстерното и интерното опкружување кои ќе бидат применети при
дефинирање на стратегиските правци на акција. Планирањето
на одредени стратегии за управување со стратегиското
однесување на претпријатието претпоставува рационална
алокација на ресурси на производи, односно производни линии,
како и развој на стратегиски организациони ентитети.
За сето ова да може успешно да се реализира неопходно е
користење на современи методи, техники и концепти за планирање
на деловните активности во претпријатието.
Во оваасмисла, еден од современите концепти за
стратегиско планирање е портфолио концептот кој овозможува
рационална алокација на ресурси, а портфолио анализата може да
се користи за планирање на финансиските текови во
претпријатието. Овој концепт се базира на истражување на
алтернативните начини на комбинирање на пазарот и производите
кои преставуваат основни потенцијални извори на раст и развој на
претпријатието. Имено, предноста на портфолио концептот е во
тоа што тој овозможува во координатитена раст на пазарот и
пазарното учество, да се согледа сегашната и идната положба на
одредени производи, односно стратегиски деловни единици, со цел
да се креира идното портфолио од кое ќе се планираат
финансиските текови за идниот временски период. При тоа, се
применува матрична форма во чии координати (раст на пазар и
пазарно учество) се сместуваат производите кои ги произведува
претпријатието, односно стратегиските деловни единици.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:45
Last Modified: 01 Jul 2014 12:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10329

Actions (login required)

View Item View Item