Вистинско и псевдолидерство - карактеристики, препознавање и соодветно однесување

Feneva, Natasa (2013) Вистинско и псевдолидерство - карактеристики, препознавање и соодветно однесување. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Магистерски труд на Наташа Фенева.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Магистерски труд на Наташа Фенева.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Успехот на секоја организација се потпира на квалитетот на лидерството, а лидерите се пред постојан предизвик да ја трансформираат својата визија во акција за постигнување на високи перформанси и остварување на целите на организацијата.
Предмет на овој научноистражувачки труд претставува проучувањето на вредностите што ги поседува лидерот, односно што ги преферира, кои му се неопходни во неговата улога при развојот на пазарот на труд, а со тоа и синтетизирање на проучувањата и давањата на својот придонес за креирање на ефикасна, ефективна и пријатна средина во организацијата.
Основната цел на ова истражување е да се согледа значењето на организациското однесување на вистинскиот лидер и псевдолидерот, преферирањето на етичките норми во работната средина, за поддршка на вистинските лидери и дистанцирање од псевдолидерите.
Вистинскиот лидер се фокусира на соработка, доверба, тимска работа, партиципација на вработените во донесувањето на заедничките одлуки, ги мотивира, создава пријатна работна атмосфера и создава добри меѓучовечки односи во организацијата. Додека псевдолидерот и неговата погрешна перцепција, несоодветното однесување, непријателската и неетичка комуникација ја намалуваат продуктивноста на вработените и на организацијата.
Добиените резултати само го потврдија фактот дека нашите организации многу малку придонесуваат во врска со обуката и развојот на вистинското лидерство во организациите.
„Вистинско и псевдолидерство – основни карактеристики, препознавање и
соодветно однесување“
5
Оваа состојба што во моментот е актуелна зазема голем замав и многу земји преземаат законски активности против психичкото малтретирање на псевдолидерите, со оглед на тоа што ова претставува негативна појава и во нашата земја е потребно да донесе закон кој на вработените ќе им обезбеди поголема заштита од психичко малтретирање на работното место.
вистински лидер, вработени, псевдолидер, однесување, вредности, ставови, препознавање.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: вистински лидер, вработени, псевдолидер, однесување, вредности, ставови, препознавање.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:47
Last Modified: 01 Jul 2014 12:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10326

Actions (login required)

View Item View Item