Деформитети на стапала кај деца во основното и средното образование на територијата на Општина Куманово

Gacova, Natasa (2013) Деформитети на стапала кај деца во основното и средното образование на територијата на Општина Куманово. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Наташа Гацова - лекториран специјалистички труд.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Наташа Гацова - лекториран специјалистички труд.pdf

Download (10MB) | Preview

Abstract

Хармонично, елегантно и координирано одење е привилегија на здрави
стапала. Со здрави стапала по некоја статистика се раѓа 98% од популацијата, а
во подоцнежниот дел од животот преку 80% имаат проблеми со стапалата.
Стапалата се основа за остатанатиот дел на телото и секој деформитет настанат
од егзогена или ендогена природа прави промена во однос на статиката и
динамиката на телото. Стапалата со деформитет условуваат и механички
промени, преголемо оптоварување на предниот дел на стапалото, кој
предизвикува нови тешкотии на повисоките делови на телото.
Најчести деформитети на стапалото се рамни стапала (pes planus) и
стапало со висок свод (pes cavus). За утврдување на отстапувањето на стапалата
од нормалните вредности постојат субјективни и објективни пристапи.
Од субјективните методи кои се вршат на систематските прегледи се
инспекција, палпација и движење, кои ни помагаат да утврдиме дали кај
испитаниците постои некој деформитет. Објективна метода е плантограм, а со
подобрување на технологијата се додаваат нови тестови за утврдување на
точниот степен на деформитетот.
Најновите испитувања и мерења на систематските прегледи покажуваат
дека кај денешните деца се позастапени деформитетите на `рбетниот столб и
стапалата.
Кога станува збор за децата, треба да се има на ум дека уште од најраната
возраст треба да бидат физички активни, да се движат и здраво да се хранат, а
што помалку да го поминуваат времето во затворени простории пред телевизор
или компјутер. Редовната физичка активност придонесува за јакнење на
мускулите на детето, а со тоа и мускулите на стапалото.Освен тоа, треба да се истакне дека децата со рамни стапала во споредба
со нивните врсници со нормални стапала се хендикепирани, во однос на
психофизичките, кардиореспираторните, координациските способности на штета
на децата со спуштени стапала.
Затоа е многу важно навремено и точно откривање и дијагностицирање на
деформитетите кај децата и нивно вклучување во превенција и корекција уште од
најмала возраст, како и носење на ортопедски чевли или влошки.
Во овој труд е даден краток комплекс на вежби за јакнење на мускулите,
одговорни за одржување на лонгитудиналниот и трансверзалниот свод на
стапалата.
Овој труд има намера да ги согледа досегашните дијагностичко
превентивни критериуми, да се предложат и додадат тестови и медицинска
инвестигација со која би се утврдил точниот деформитет и степен на
деформитетот на стапалата.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:54
Last Modified: 01 Jul 2014 12:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10321

Actions (login required)

View Item View Item