Paskova, Dobrila (2013) Примената на молекуларно-биолошките техники при одредување на генетската предиспозиција за дијабетес мелитус. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
ДОБРИЛА ПАСКОВА - СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Дијабетес мелитус (ДМ) или честопати означен само како дијабетес, претставува една група метаболички болести во кои личноста има високо ниво на шеќер во крвта, или поради тоа што телото не создава доволно инсулин, или затоа што клетките не одговараат на инсулинот што е создаден.
Бидејќи дијабетесот претставува болест на модерното време, целта на овој труд е: проценка на степенот на популацијата заболени со дијабетес мелитус; да се проследи застапеноста на дијабетес мелитус во општата популација; да се проследи клиничкиот тек; да се наведат дијагностичките процедури за дијабетес мелитус; компликациите кај дијабетес мелитус; улогата на лаборантот и следењето на лабораториските анализи; колку оваа болест е наследна кај популацијата.
Како материјал се користени податоци добиени од пациентите во ПЗУ “МТ Александар“ во Струмица, поточно медицинската документација што дава информации за иследувањата на група испитаници – матични пациенти заболени од дијабетес, нивното праќање во специјализирани институции, за нивно дијагностицирање и поставување соодветна терапија, како и анамнестичките податоци.
Во нашата амбуланта “МТ Александар“ што опфаќа 6.000 пациенти, откриено е дека од нив, до 2012 година има 314 пациенти со дијабетес. Бројот на пациентите заболени од дијабетес мелитус постепено се зголемува со текот на годините, а со тоа и нивната процентуална застапеност во однос на останатите пациенти.
Како резултат на горенаведените анализи и иследувања се доаѓа до заклучок дека дијабетес мелитус е се повеќе застапен кај нас, но и во другите земји.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | GDM (Гестациски дијабетес мелитус), DM1 (Дијабетес мелитус од Тип1), DM2 (Дијабетес мелитус од Тип2), LADA (Латентен автоимун дијабетес кај возрасните ), RAS (ренин ангиотензин систем). |
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Jul 2014 12:35 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 07:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10311 |
Actions (login required)
View Item |