Физикална терапија и рехабилитација кај лица со мозочен удар

Josevska, Viktorija (2013) Физикална терапија и рехабилитација кај лица со мозочен удар. Masters thesis, Goce Delcev University,Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Јосевска Викторија.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Јосевска Викторија.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Мозочниот удар е втората најчеста причина за смрт во светот, веднаш по срцевиот удар. Афектира 0,2% од целата популација, а фатален е во една третина од случаите. Најмалку една половина од преживеаните од мозочен удар се перманентно онеспособени, што го прави мозочниот удар главна причина за долготрајна физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност. Тука е неизбежен фактот дека на овие лица им е потребна помош од нас физиотерапевтите за да живеат колку е можно понормален живот.
Поради горенаведениве инвалидитети што се јавуваат при мозочен удар, големо значење се дава на закрепнувањето, рехабилитацијата. Со рехабилитацијата не можеме целосно да ги елиминираме последиците од мозочниот удар, но можеме да ги сведеме на минимум. Со раниот почеток на третманот го спречуваме настанувањето на патолошки шеми, што ни овозможува успешна реедукација на моторичките функции. Успехот на рехабилитацијата зависи и од други фактори на кои не можеме да влијаеме и тоа: старосна група, степен на оштетување, локализација на оштетување и др., меѓутоа со раниот третман компликациите ги сведуваме на минимум и му даваме на пациентот шанса за што побрзо закрепнување, за самостоен и квалитетен живот.
Поради фактот дека користењето на методите на физикалната терапија и рехабилитација е од голема важност за овие болни да имаат колку што е можно понормален живот, а воедно и поради тоа што е многу голема улогата на нас физиотерапевтите во подобрувањето на здравствената состојба на овие пациенти, неслучајно се одлучив за оваа тема.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:49
Last Modified: 01 Jul 2014 12:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10305

Actions (login required)

View Item View Item