Постурален статус кај ученици од прво до осмо одделение во Општина Штип во период од 2011/2012 година

Anceva, Aneta (2014) Постурален статус кај ученици од прво до осмо одделение во Општина Штип во период од 2011/2012 година. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Анета Анчева PDF.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Анета Анчева PDF.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Деформациите на `рбетниот столб стануваат сѐ почеста појава кај младите, а нивната рехабилитација и превенција станува актуелна тема во светот. Во секој случај, дијагностицирањето на овие деформации, нивното третирање и лекување бараат многу добра соработка на рехабилитацискиот тим со пациентот, како и многу волја, упорност и трпение.
Во специјалистичкиот, дипломски труд е дадено големо значење на кинезитерапевтскиот третман кај деформациите на `рбетниот столб во делот на превенција и лекување на овие дисфункции на локомоторниот систем кај млади лица (деца) во периодот на раст.
Кинезитерапевтската програма на деформитетите на `рбетниот столб која се врши во РЕ Физикална терапија и рехабилитација при ЈЗУ Клиничка болница - Штип, освен што во потполност одговара на литературата од предметот кинезитерапија, тој поседува и карактеристики, како што се: индивидуален пристап на пациентите, постојано оценување на добиените резултати, како и постојан надзор од страна на целиот рехабилитационен тим. Со извршениот увид и документацијата во Регионалниот завод за статистика и нивните статистички анализи, се прикажани резултатите од ова истражување кои говорат дека најзастапен деформитет на `рбетниот столб е сколиозата, дека таа е почеста кај женските деца и дека се јавува најмногу во адолесцентниот период.
Согледувајќи ги овие резултати е дојдено до заклучок дека е соодветно да се опише и прикаже кинезитерапевтската програма за најзастапените деформитети на `рбетниот столб: сколиоза, кифоза и лордоза, што во овој труд е прикажано.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: `рбет, кинезитерапија, лекување, деца, сколиоза.
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:40
Last Modified: 01 Jul 2014 12:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10302

Actions (login required)

View Item View Item