Krstev, Miki (2013) Влијание на кинеската традиционална медицина за лекување на болки во грбот. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Krstev.Miki.Pdf.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Болките во грбот претставуваат еден од почестите проблеми со кој се соочуваат луѓето во нивниот секојдневен живот и се најчеста причина за значајни загуби на работните денови. Хроничните болки во грбот станаа една од најчестите причини за боледување кај вработените на возраст под 45 години.
Кога луѓето остануваат дома заради повреда во грбот, само 65% се враќаат на работа по една недела и речиси 14% се сеуште отсутни по еден месец. И ако некој е на боледување подолго од шест месеци, има само 50% шанси да се врати на работа.
Поголемиот дел од болките во грбот се должат на иритација на зглобовите, или притисок врз лигаментите и мускулите од заболени дискови или шилци. Притисокот врз нервните завршетоци исто така може, да доведе до болки во грбот и нозете.
Многу фактори можат да ги влошат болките во грбот. Доживеаниот стрес, преголемата тежина, неправилното држење на телото и лошата кондиција можат да ги влошат или продолжат болките во грбот.
Постојат огромен број причини за појава на болки во грбот, но најчесто се работи за една од следниве: механички проблеми, повреди, стекнати болести, инфекции и тумори и емоционален стрес.
Кинеската традиционална медицина се развивала во денешна Кина, потоа била пренесена во Јапонија, Кореа, Монголија, Виетнам, Филипините и др.
Од физиолошка гледна точка, древните лекари го разгледувале човечкиот организам како сложен систем, во кој елементите се функционално поврзани. Тие си го претставиле телото како “монада“, поделено на два еднакви дела Jин и Јан. Јан го претставува машкиот дел или татковото потекло, кој се изразува во секое светло, активно, суво, топло, творечко, постојано. Jин е од мајчинско потекло кое се изразува како влажно, ладно, темно, сокриено, пасивно. Здравото тело олицетворение на хармонијата помеѓу Јан и Jин. Дисбалансот помеѓу нив доведува до болест.
Друга претстава од страна на старата источна медицина е взаемното дејство помеѓу петте елементи – симболи на физичката состојба на природата: дрвото – црн дроб, оган – срце, земја – панкреас, метал – бели дробови, вода – бубрези. Древните научници откриле точки кои ги нарекле космички точки. Боцкањето со игли, загревањето со мокса, притисокот и масажата во тие точки доведува до подобрување на состојбата. Исто така била откриена и т.н. космичка енергија или Чи која што се движи по невидливите канали - меридијаните. Меридијаните се 12 парни кои се расположени по двете страни на телото и два непарни, кои на краевите се поврзани со внатрешните клонови еден со друг и така енергијата Чи циркулира низ телото во еден затворен систем. Секој меридијан има најголема активност по 2 часа дневно. Кај болков синдром меридијаните со нивните билошко – активни точки (БАТ) се место на надворешна симптоматика и перку нив може да се дијагностицира. Точките стануваат болни, со покачена температура и тврди. Треба да се знае дека точките не се поставени во близина на болниот орган, туку тие се наоѓаат по меридијаните.
Акупресурата како метода има предност затоа што е безболна и безкрвна процедура, не е потребна специјална техника и лесно се применува. Таа се употребува за покачување на заштитните сили на организмот, за тонизирање, за подобрување и одржување на општата состојба, се употребува и како профилактички метод. Може да се употреби и со други терапевтски методи: класична или сегментарна масажа, климато терапија, балнео терапија.
Клучни зборови
Акупресура – метод на лекување со притискање.
Јин – вид на енергија во телото кое го претставува женскиот пол
Јан – вид на енергија во телото кое го претставува машкиот пол
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Jul 2014 12:37 |
Last Modified: | 01 Jul 2014 12:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10296 |
Actions (login required)
View Item |