Категоризација и стандардизација во хотелиерството

Nakovska, Julija (2014) Категоризација и стандардизација во хотелиерството. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Лекториран Магистерски труд Јулија Наковска.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Лекториран Магистерски труд Јулија Наковска.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Хотелиерството како стопанска дејност припаѓа во угостителскиот сектор, односно врши угостителска дејност со приготвување и послужување храна, давање услуги за забава, рекреација, приготвување и послужување пијалаци и давање услуги за сместување.
Класификацијата подразбира постапката на расчленување на угостителството на конститутивни делови и повторно групирање врз основа на одредени критериуми со цел да се одредат помал број типови кои, покрај битните карактеристики на појавата (услуги за сместување, исхрана, пијалак), покажуваат и карактеристични разлики внатре во појавата. Предмет на класификација во угостителството се угостителските објекти.
Категоризацијата на угостителските објекти е диференцирање, односно класифицирање на објектите во рамките на еден ист вид. За разлика од класификацијата, каде врз основа на одредени критериуми се утврдуваат само минимални заеднички особености кои карактеризираат одреден вид, при категоризацијата се воведуваат нови критериуми врз основа на кои се означуваат разликите внатре во самиот вид. Припадноста кон одредена категорија претставува гаранција за квалитетот на услугите во поглед кон асортиманот кој е утврден со припадноста кон видот. Квалитетот кој се гарантира со соодветната категорија подразбира формирање соодветна цена за тие услуги, која расте аналогно со подобрувањето на квалитетот на услугите и категоријата.
Стандардизацијата е утврдување на еднакви карактеристики и својства на материјалите, услугите, деловите или елементите на системите и крајните производи во поглед на: димензиите, формата, квалитетот, т.е. во поглед на физичките или хемиските својства што може тој материјал, услуга, дел, систем или производ да ги содржи. Стандардизацијата е постапка на донесување и примена на стандарди, технички нормативи и норми за квалитет. Стандардот е резултат на процесот на стандардизација, кој процес претставува специфично утврдување на исти својства на услугите во целост и на елементите од кои се состои услугата.
Клучни зборови: хотел, категорија, критериум, бодување, класификација, стандарди, еколошко означување.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:36
Last Modified: 01 Jul 2014 12:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10294

Actions (login required)

View Item View Item