Pacemska, Elizabeta (2013) Анализа и контрола на финансиското работење на ФЗОМ како предуслов за квалитетна здравствена заштита. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Lektoriran Magisterski trud.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Од прогласувањето независност, Македонија поминува низ тежок економски
период обележан со пад на БДП, намалување на платите, зголемена сиромаштија и
висока невработеност. Приходите од даноци се намалени поради високата
невработеност, ниските плати, големиот обем на сива економија и слабиот капацитет
за наплата на даноци и придонеси. Плаќањето на високи социјални придонеси од
страна на еден ограничен број работодавци го попречува економскиот развој. Сето ова
значи дека во моментов долгогодишниот систем на социјално здравствено
осигурување е под сериозен притисок, додека фактичката состојба покажува дека
одредени предуслови за воопшто земјата да има еден ваков систем не се исполнети.
Такви предуслови се земјата да има ниска стапка на невработеност, најголем дел од
економијата да е формална (наспроти сива) и да постои добар капацитет за наплата на
придонесите за здравство.
Република Македонија и понатаму ќе продолжи да го темели финансирањето на
здравствената заштита врз здравствено осигурување, за што има долга традиција. И
понатаму, основен извор за прибирање на средствата ќе бидат придонесите од плата и
други надоместоци кои ќе се слеваат во единствен државен фонд за здравствено
осигурување, со голем степен на солидарност помеѓу осигурениците, но и со строги
критериуми за одржливост, финансиска контрола и надзор од Владата.
Министерството за финансии ќе продолжи секоја година да го предлага
вкупниот буџет на ФЗОМ за наредната година, врз основа на плановите за собирање на
приходи. Овој буџет мора да биде одобрен од Собранието како горна граница за
расходите на ФЗОМ во претстојната година. ФЗОМ изготвува план за распределба на
средствата до сите елементи на системот за здравствена заштита во претстојната
година, којшто треба да биде одобрен од Управниот одбор. ФЗОМ не смее да преземе
обврски за плаќање на трошоци над договорената горна граница. За време на
претстојната деценија, планот на расходите на ФЗОМ постепено ќе преминува од план
заснован на историски исплати во план заснован на купување на потребниот вид и
обем на здравствени услуги по договорени цени. Сите договори помеѓу ФЗОМ и
давателите на здравствени услуги имаат финансиска горна граница поврзана со
одреден лимит за активностите, што значи дека финансиските одговорности се
префрлаат од ФЗОМ на давателите на услуги.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Jul 2014 08:01 |
Last Modified: | 01 Jul 2014 08:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10287 |
Actions (login required)
View Item |