Финансиските иновации како предизвик за функционирањето на финансиските институции и нивно вклопување во финансиската регулација

Gogova Samonikov, Marija (2014) Финансиските иновации како предизвик за функционирањето на финансиските институции и нивно вклопување во финансиската регулација. PhD thesis, University "Ss. Cyril and Methodius" Skopje.

[thumbnail of Doktorski trud - Repozitorium - Tezi - MGS.pdf]
Preview
Text
Doktorski trud - Repozitorium - Tezi - MGS.pdf

Download (363kB) | Preview

Abstract

Финансискиот систем е целина којашто дејствува во и од опкружувањето кое постојано се менува. Менувањето на опкружувањето на финансиските пазари, како и менувањето на пазарот со себе носи последици кои се јавуваат како примена на нови инструменти и методи на работење. Сите тие промени мора да бидат некаде евидентирани, за да можат да бидат менаџирани, координирани и контролирани. Контролата на финансискиот систем е срж на здрава економија. Затоа ажурното и транспарентно регулирање е одраз на здрава, планирана и реализирана економија.
Целта на овој труд е согледување на постоечките финансиски институции и инструменти и нивниот интерактивен однос во финансискиот систем и aнализа на современите пристапи и методи што ги користат финансиските институции и начинот на користење на инструментите како одговор на постоечката финансиска структура и нејзиното опкружување; согледување на влијанието што го имаат финансиските иновации и начинот на којшто финансиските институции ги вклопуваат иновациите во своето работење; согледување на потребата од финансиска регулација во целокупниот финансиски систем, вклучувајќи ги и финансиските деривати – како поспецифичен резултат од финансиските иновации; анализа за потенцијалните финансиски и економски нерамнотежи кои можат да бидат предизвикани од испуштањето или неземањето предвид на имплементираноста на финансиските деривати во финансискиот и економскиот систем; идентификација на локацијата на македонската финансиска структура и потенцијалните приспособувања на финансиската регулација кон финансиските иновации.
The financial system is an ensemble that acts in and from the surrounding which is constantly changing. Changing the surrounding of financial markets, as well as changing the market its self brings consequences that appear as an application of the new instruments and working methods. All those changes have to be registered somewhere in order for them to be managed, coordinated and controlled. Financial system control is the essence of a healthy economy. Therefore, an up-to-date and transparent regulation is a reflection of a healthy, planned ad accomplished economy.
The goal of this paper is perception of the existing financial institutions and instruments and their interactive relation in the financial system and analysis of modern approaches and methods using the financial institutions and the mode of use of the instruments as a response of the existing financial structure and its surrounding; perception of the influence financial innovations have and the mode that financial institutions include innovations in their work; perception of the need for financial regulation in the overall financial system, including financial derivates – as a more specific result from the financial innovations; analysis for potential financial and economic imbalances that can be caused by not taking in consideration the implementation of the financial derivates in the financial and economic system; identification of the location of Macedonian financial structure and potential adjustments of the financial regulation towards the financial innovations.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Marija Gogova
Date Deposited: 25 Jun 2014 13:32
Last Modified: 25 Jun 2014 13:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10204

Actions (login required)

View Item View Item