Практикум за вежби – Финансиски пазари и институции

Gogova Samonikov, Marija (2014) Практикум за вежби – Финансиски пазари и институции. ISBN 978-608-244-045-3.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во овој Практикум се сместени темите кои треба да се разработат на вежбите по предметот Финансиски пазари и институции, кој се изучува на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

Вежбите по предметот Финансиски пазари и институции се реализираат интерактивно со разработка на понудени теми. Темите кои се разработуваат на часот, а на студентите им се претходно најавени, се наслови кои можат да бидат точни, но и не мора.
Групата која обработува одреден наслов треба на часот да биде подготвена со аргументи „за“ и „против“ насловот и истите треба да ги презентира пред останатите колеги на часот. Покрај презентирањето на пронајдените аргументи, студентите кои го бранат насловот треба да бидат подготвени да одговорат на прашањата од останатите студенти и од професорот. На таков начин, на часовите се создава дискусија по одредена тема која треба да биде дебатирана и аргументирано поткрепена и одбранета.
Практикумот содржи 35 наслови, како и простор за обработка на теми кои се тековни или актуелни за студентите. Редоследот на темите е согласно со наставната програма по предметот Финансиски пазари и институции, кој се изучува на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. За секој час се предвидени 4 наслови за разработка.
За секое активно следење на темите и учество во одбраната на истите, студентите добиваат потпис, како доказ за добро сработена задача. На задачата во која тие се креатори на аргументите (а не се вклучен аудиториум) мораат да наведат користена литература која се бележи на крајот од Практикумот.
Изворите со кои студентите треба да се служат за изработка на задачите се наведени под насловот на задачата. Методите кои студентите ќе ги користат, покрај квалитативно, можат да бидат и квантитативно искажани.
Ви посакувам убава и комплетна разработка на материјалот.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Marija Gogova
Date Deposited: 25 Jun 2014 13:36
Last Modified: 07 Apr 2015 13:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10203

Actions (login required)

View Item View Item