Gogova Samonikov, Marija (2014) Финансиските иновации како предизвик за функционирањето на финансиските институции - скрипта. ISBN 978-608-244-044-6.
Full text not available from this repository.Abstract
Овој труд детално и прецизно се дефинира каков е финансискиот систем преку неговите основни формулации, каков е системот под дејство на опкружувањето и се позголеменото присуство на електронска позадина во финансиското работење. Тематски е поделен на четири поглавја.
Во оваа скрипта има согледување на постоечката структура на пазарот, поточно финансиските институции. Од финансиски институции фокусот е ставен на анализа на банкарските и небанкарските финансиски институции, а инструментите се разгледуваат како класични хартии од вредност и финансиски деривати како посовремен израз на финансиски инструменти со кои се тргува на пазарите, а се значаен предизвик пред регулацијата. Понатаму, трудот цели кон согледување на факторите, единиците, методите кои се надвор од финансискиот систем, а значајно му делуваат и го делегираат неговото однесување посебно осврнувајќи се на глобализацијата и техничко-технолошкиот напредок. Со ваквиот пристап се настојува да се олесни анализата на целокупниот финансиски систем како комплексност не само од внатрешни компоненти (институции и инструменти и нивно работење), туку како интегриран систем во економскиот систем кој делува, се менува и развива и е под влијание на надворешните текови и промени.
Предмет на трудот се и конкретните современи насоки кои се јавуваат во финансиското работење како резултат на постоењето на инструментите, институциите, пазарите и надворешните фактори кои им влијаат. Акцентот е ставен на електронските финансии изразено преку електронското банкарство и електронското тргување на финансиските компании, потоа услужната дејност во овој сектор и согласно ваквите промени појавата на маркетинг за финансиски институции. Импликациите на финансиските иновации врз небанкарскиот и банкарскиот сектор како и анализа на примената на нови инструменти и нови методи во работењето на овие институции исто така се предмет на истражување. Се анализира и колкав и каков е доменот на активности на овие финансиски сектори како и кои се новонастанати финансиски институции кои работат со финансиските деривати и се одговор на финансиските иновации.
Последниот дел на трудот е конкретизиран на состојбите и трендовите на финансиските иновации и нивното влијание врз работењето на финансиските институции и соодветната регулираност во Република Македонија. Оваа глава е заклучок на претходните глави и споредба со финансиската состојба во Македонија, конкретизирано преку точките за финансиската структура, одржување на финансискиот сектор и современите пристапи на функционирање на финансискиот пазар во Република Македонија.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Marija Gogova |
Date Deposited: | 25 Jun 2014 13:35 |
Last Modified: | 07 Apr 2015 13:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10202 |
Actions (login required)
View Item |