Kamceva, Gordana and Vavlukis, Marija and Kedev, Sasko (2014) Трансрадијален или трансфеморален пристап за примарни перкутани коронарни интервенции кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација. In: 5 ти Македонски конгрес по кардиологија, 4-7 June 2014.
Preview |
Text (Abstract No.136p)
apstract 4-7.06.2014 - 5ti Mk kongres po kardiologija.pdf - Published Version Download (222kB) | Preview |
Preview |
Text
ABSTRACT-BOOK-5th-Macedonian-Congress-of-Cardiology-2014.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Цел: Целта на иследувањето беше да се процени влијаните на „acces site‟, те. местото на пристап при изведување на перкутани коронарни интервентни процедури (ПКИ), врз краткорочниот клинички тек и исход кај пациентите со СТЕМИ миокарден инфаркт.
Метод: Во иследувањето беа вклучени 206 пациенти со дијагностициран СТЕМИ во периодот од јануари 2008 до декември 2010, од источниот регион на Р. Македонија. Пациентите беа третирани со пПКИ со радијален (ТРА) или трансфеморален (ТФА) пристап. Пациентите беа поделени во две споредувани групи во зависност од пристапот на пункција (ТРА вис а вис ТФА). Беше следена појавата на перипроцедурални компликации од типот на: крварење на местото на пристапот, време на флуороскопија, должина на болничкото лекување и рана интрахоспитална смртност. Статистичката обработка беше направена со дескриптивна и споредбена статистика. За континуираните обележја t-test, додека за категориските Chi square. Статистичката значајност беше дефинирана на ниво 0.05.
Резултати: Од вкупно 206 анализирани лица во периодот 2008-2010 година, кај 167 (81%) испитаници пристапот за интервенција бил трансрадијален (TРА), додека кај 39 (19%), трансфеморален (TФA). Со секоја наредна година, трансрадијалниот (TРA) пристап статистички значајно се зголемува за сметка на трансфеморалниот (TФA) (2-тест = 27,01; df = 2; p = 0,000013).
Перипроцедурални компликации се регистрирани кај вкупно 29 (14,1%) лица. Од нив, кај 25 (12,1%) се следи појава на локален хематом на место на пункција, и тоа кај 14 (8,4%) од 167 пациенти третирани со ТРА, и кај 11(28,2%) од вкупно 39 пациенти третирани со ТФА пристап (2-тест = 11,65 df = 1 p = 0,000064). Odds Ratio покажува дека ТРА пристапот го редуцира ризикот за појава на локален хематом: OR = 0,23, 95% CI (0,09 - 0,62). Релативниот ризик изнесува RR = 0,66 (95% CI 0,47-0,94) и покажува дека лицата со TФA пристап имаат за 0,66 пати поголем ризик да добијат компликации во споредба со лицата каде пПКИ е работена со TRA пристап. Кај пациентите третирани со TРA пристап, времетраењето на процедурата е значајно пократко (Mann-Whitney U test: Z = - 3,05 p = 0,0022). Не беше регистрирана значајна асоцираност на пристапот за пункција со раниот хоспитален морталитет (Fisher exact test: p = 0,4289). Флуороскопијата кај нашите испитаници траела просечно 10 7,7 минути.
Заклучок: TРА пристапот е побезбеден, споредено со ТФА пристапот. Се одликува со помал ризик од васкуларни компликации на местото на пункција, како и со значајно пократко време на експозиција. Но, независно од тоа за колку е намален ризикот од компикации, од особена важност е наодот дека местото на пристап само посебе не покажа влијание врз раниот хоспитален м орталитет.
Клучни зборови: перипроцедурални компликации, акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација, трансрадијален пристап
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Kamceva |
Date Deposited: | 25 Jun 2014 13:31 |
Last Modified: | 25 Jun 2014 13:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10196 |
Actions (login required)
View Item |