Анализа на енергетскиот сектор во Република Македонија

Smokvarska, Marija and Lazarov, Darko (2013) Анализа на енергетскиот сектор во Република Македонија. In: 8. Советување, Mako Cigre, 22-24 Sept 2013, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of papershow.pdf]
Preview
Text
papershow.pdf

Download (632kB) | Preview

Abstract

Споредено со останатите типови на инфраструктура (патна, железничка
инфраструктура), енергетскиот сектор е во прилично поволна состојба. Сепак, анализите
покажуваат дека постои простор за подобрувања преку континуирано зголемување на
инвестициите во производство на електрична енергија базирано на обновливи извори, како и
подобрување на енергетската ефикасност (квалитетот на преносната и дистрибутивната мрежа).
Електричната енергија претставува значаен производствен инпут, при што, цената на
електричната енергија има исклучително влијание врз целокупното ниво на цени во
економијата и како резултат на тоа влијание врз конкурентноста на економијата. Во тој
контекст, зголемување на ефикасност и продуктивност во производството на електрична
енергија, намалување на потрошувачката на електрична енергија во однос на БДП и
зголемување на ефикасноста во преносот и дистрибуцијата на електрична енергија ќе ја
направи економијата поконкурентна.
Целта на овој труд емпириска анализа на енергетскиот сектор на Република Македонија
во однос на земјите во регионот со цел да се интерпретираат каузалната врска помеѓу
квалитетот на енергетската инфраструктура, конкретноста на земјата и БДП per capita.
Паралелно со тоа, емпириската анализа ќе ги идентификува потенцијалните недостатоци и
тесни грла што во иднина треба да бидат приоритет за земјата и клучните субјекти во овој
сектор, се разбира имајќи ја во предвид улогата на државата.
Хипотезите кои погоре се интерпретирани ќе бидат анализирани со користење на база
на податоци за апроксимативни варијабли со помош на повеќе техники и методи.
Клучни зборови: енергетска ефикасност, БДП по глава на жител, производство и потрошувачка
на електирчна енергија, корелациска и регресиона анализа.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 25 Jun 2014 11:45
Last Modified: 21 Oct 2014 13:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10192

Actions (login required)

View Item View Item