Стихови во потрага по метафизичкото

Mladenoski, Ranko (2006) Стихови во потрага по метафизичкото. In: Радован П. Цветковски, Сонето претчувство. Современост, Скопје, pp. 54-59. ISBN 9989-2428-5-2

[thumbnail of Ranko Mladenoski pogovor za Soneto pretcuvstvo.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski pogovor za Soneto pretcuvstvo.pdf

Download (49kB) | Preview

Abstract

Овој труд е објавен како поговор во поетската збирка со наслов „Сонето претчувство“ од Радован П. Цветковски издадена во 2006 година од скопскиот издавач „Современост“. Во текстот е извршен преглед на основните карактеристики на песните од оваа поетска збирка на Цветковски при што се нагласува дека сите песни од ова стихотворно книжевно дело, всушност, претставуваат потрага по неовоземниот свет, потрага по иреалното, односно по оној простор што ние го нарекуваме свет на метафизичкото. Тоа значи дека лирскиот субјект е поставен на границата меѓу реалното и иреалното и неговата крајна цел не е да го пронајде или да го открие тој непознат свет, ами преку таа потрага да ја зачува надежта дека утре, задутре или во следниот миг можеби ќе ја пронајде портата која ги врзува двата одвоени светови. Како формални показатели за таа граница меѓу реалното и иреалното во оваа поезија на Цветковски се јавуваат симболите од типот скали, брегови, превалци, кругови и слично. За сите овие својства на поезијата од оваа збирка во трудот се приложени соодветни стихови како илустрација. Во заклучокот од трудот се потенцира дека Радован П. Цветковски со оваа негова поетска збирка создал една прекрасна поетска апотеоза на бесмртноста на љубовта во и од човекот.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 19 Jun 2014 10:41
Last Modified: 19 Jun 2014 10:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10137

Actions (login required)

View Item View Item