Mladenoski, Ranko (2005) Збор-два за преводот и за книгава. In: Горан Калоѓера, Браќата Миладиновци - легенда и стварност. Современост, Скопје, pp. 151-154. ISBN 9989-2428-1-Х
Preview |
Text
Ranko Mladenoski pogovor za Miladinovci.pdf Download (54kB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува поговор во македонското издание (македонскиот превод) на книгата „Браќата Миладиновци – легенда и стварност“ од хрватскиот македонист, професорот Горан Калоѓера. Во трудот се нагласува дека станува збор за мошне солидна студија од Калоѓера за браќата Миладиновци и дека авторот на оваа книга тргнува од тезата на Харалампие Поленаковиќ дека не е сè напишано за овие македонски културни дејци од 19 век, иако е многу пишувано за нив. Во трудот, исто така, се открива постапката што професорот Калоѓера ја применува при неговата научно-истражувачка работа што има за цел да го дорасветли делото на Миладиновци. Имено, Калоѓера зема еден, на прв поглед маргинален, историски податок и од него развива цела студија, како на пример прашањето за печатницата во која е испечатен Зборникот од македонски народни песни на браќата Миладиновци. Во заклучокот, пак, од трудов се потенцира фактот дека книгата „Браќата Миладиновци – легенда и стварност“ од Горан Калоѓера е мошне значајна за македонската историографија од повеќе аспекти: таа дорасветлува одредени „темни места“ за животот и делото на струшките браќа; оваа книга значи афирмација на македонската историја, книжевност и култура во еден поширок балкански ареал; ова книжевно-историско дело на Калоѓера ги продлабочува македонско-хрватските (хрватско-македонските) книжевни и, воопшто, културни врски.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 19 Jun 2014 10:41 |
Last Modified: | 19 Jun 2014 10:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10133 |
Actions (login required)
View Item |